1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Дали е Истанбул доволно безбеден за Олимпијадата?

Бранот протести во Истанбул се случува во „незгодно“ време - овој град е кандидат за домаќин на Летните олимписки игри во 2020 година. Одлуката ќе биде донесена за три месеци, а во градот на Босфорот врие.

Турските спортски функционери и политичари стравуваат дека жестоките протести против владата во Анкара ќе се одразат негативно на кандидатурата на Истанбул за домаќин на Летните олимписки игри 2020 година. „Случувањата од последните денови фрлаат темна сенка на нашата кандидатура“, изјави турскиот министер за спорт Суат Килич. Бранот протести, според него, го загрозува имиџот на земјата, и тоа само три месеци пред да биде соопштена одлуката во Буенос Аирес. „На светот му испративме слика за Турција каква што таа не заслужува“, изјави Килич.

Страв од нарушен углед

За домаќин на Олимпијадата се натпреваруваат и Мадрид и Токио. „Ако не успееме сега, нема така лесно да добиеме друга можност“, предупреди турскиот претседател Абдула Ѓул во разговор за весникот „Туркие“. Градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбас, на телевизија се жалеше: „Како на светот да му ги објасниме случувањата во Истанбул? Како може да бараме кај нас да се одржат Олимписките игри? Мислам дека со ова, кога е во прашање кандидатурата, загубивме многу.“

Abdullah Gül

Абдула Ѓул: Ако сега не успееме, друга можност нема да добиеме така лесно

Томас Бах, претседател на Германскиот олимписки сојуз, сепак оценува дека протестите нема да му ги намалат шансите на Истанбул. „Тоа нема да влијае врз одлуката на членовите на Меѓународниот олимписки комитет. Сите тие имаат доволно искуство за да ја согледаат ситуацијата трезвено и не забораваат дека се работи за кандидатура за Олимпијада која ќе се одржи за седум години“, изјави Бах во интервју за германската новинска агенција ДПА.

Турција досега многу самоуверено настапуваше во трката за домаќин на Олимпијадата 202-та и презентираше атрактивен пакет. Истанбул се кандидира за Олимписките игри по петти пат, „но досега ниту еднаш една кандидатура не била толку силна и комплетна“, оценува турскиот претседател Ѓул.

Thomas Bach

Томас Бах: Протестите нема да ги намалат шансите на Истанбул

Евалуациската комисија на Меѓународниот олимписки комитет го посети Истанбул во март, за на лице место да се увери во концептот на градот. На 25 јуни ќе бидат претставени резултатите од оваа посета, а на 3 јули кандидатите ќе можат да им се претстават на членовите на МОК, додека конечната одлука ќе биде донесена на собрание на МОК што ќе се одржи на 7 септември.

Истанбулскиот концепт предвидува одржување на Олимпијадата во четири градски зони. Во нова инфраструктура треба да бидат инвестирани 1,9 милијарди евра, а треба да се изградат и 20 нови спортски објекти.