1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали ЕУ ќе остане предводник во заштитата на климата?

На Конференцијата за климата на ОН во Познањ денеска треба да бидат поставени темелите на новиот Светски договор за климата. Погледот меѓутоа е вперен кон Брисел и исходот од Самитот на ЕУ.

default

Плакат за конференцијата на ОН за климата во Познањ

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во говорот во Познањ, со кој беше отворена финалната фаза на двонеделната Конференција за климата на ОН, ја повика ЕУ сериозно да дејствува во борбата против климатските промени.

Шанса за справување со две кризи истоврено

Бан изјави дека очекува Брисел да ја преземе водечката улога на овој план. Тој гледа големи големи шанси за заедничко решавање на проблемите со финансиската криза и климатските промени. „Судејќи според доказите презентирани во последниве неколку денови, знаеме дека проблемот се зголемува. Дами и господа, светот не’ гледа, идните генерации сметаат на нас. Не смееме да си дозволиме неуспех. Во моментов имаме две кризи, климатските промени и глобалната економска криза. Но, овие кризи нудат голема шанса да се справиме со нив истовремено“, порача Бан Ки Мун.

UN-Generalsekretär Ban Ki Moon Vereinten Nationen

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН предупреди дека се потребни големи инвестиции. Дел од нив треба да бидат употребени во развој на алтернативни енергии, со што ќе се обезбедат нови работни места. Инаку министрите за екологија од 145 земји, кои вчера пристигнаа во Познањ денеска имаат намера да ги постават темелите на новиот светски договор за заштита на климата, кој треба да го наследи т.н. протокол од Кјото.

Учесниците на Конференцијата во Познањ имаат големи очекувања од Самитот на ЕУ, кој паралелно се одржува во Брисел и на кој лидерите на земјите членки на Унијата треба да го усвојат амбициозниот пакет за заштита на климата.

Ако Европа се колеба, што ќе речат тогаш Кина или Индија

Меѓутоа актуелната глобална финансиска криза очигледно обесхрабри голем број членки на Унијата кога станува збор за амбициозните климатски цели. Пораката на повеќето учесници на Конференцијата во Познањ гласи: „Ако Европа испрати порака дека може да направи напредок во заштитата на климата само во просперитетни времиња, што ќе кажат тогаш земјите во развој, вклучително и Кина и Индија?“ - изјави претседателот на Гвајана, Барат Јагдео.

Deutschland Nordsee Sigmar Gabriel Windkraft Offshore Pilotwindanlage

Германскиот министер за екологија, Зигмар Габриел

Германскиот министер за екологија Зигмар Габриел, кој исто така учествува на Конференцијата во Познањ, истакна дека постои оправдана загриженост дека амбициозните климатски цели во актуелните тешки економски услови би можеле да ја загрозат индустријата во Европа и Германија:

„ Во Германија постои став кој сметам дека е исправен. Имено, се’ додека не постои Меѓународен договор за заштита на климата, не смее да се запоставува европската, а со тоа и германската индустрија која учествува во меѓународниот пазарен натпревар, бидејќи тогаш индустриските капацитети ќе бидат преселени во други земји кои немаат строги одредби за заштита на климата и таму ќе испуштаат штетни гасови во атмосферата, а ние ќе губиме работни места. Тоа не може никому да помогне“, порача Габриел.