1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали ЕРТ ќе ја урне грчката влада?

Политичките тензии во Грција се зголемуваат - новинарите и натаму штрајкуваат, а коалиционите партнери се караат нон-стоп. Дали владата во Атина е пред распад?

Турбуленции во Грција - новинарите продолжуваат со својот протест против затворањето на државната радио-телевизија ЕРТ. Европската радиодифузна унија (ЕБУ) бара повторен почеток на работата на ЕРТ. Паралелно со тоа се заострува судирот во рамките на владејачката коалиција во Атина. Кабинетот на Андонис Самарас е под се‘ поголем притисок. В понеделник (17.06) треба да се одржи решавачка коалициона средба со социјалистите и Демократската левица.

Самарас вчеравечер (14.06) покажа подготвеност за компромис. Според него, додека не биде формирана нова институција, со работа може да продолжи дел од програмата на ЕРТ. За таа цел, привремени договори за работа би добиле сосема мал број новинари. Паралелно со тоа, парламентот би требало по итна постапка да донесе закон за основање на државна радио-телевизија, по можност веќе наредната недела.

Коалицијата пред распад?

Самарас изјави дека очекува „одговорно однесување“ од страна на неговите коалициони партнери, за нивната соработка да „продолжи непречено“. Помалиот коалиционен партнер, Демократската левица, претходно побара повторно отворање на државната радио-телевизија, „онака каква што била“. Грчките медиуми веќе не исклучуваат можност од распад на коалицијата.

Griechenland Generalstreik nach Schließung des staatlichen Rundfunksenders ERT

Штрајкот продолжува

И претседателот на Грција Каролос Папуљас е загрижен, се вели во Атина. Нови избори би можеле да ја вратат земјата и нејзините напори за излез од кризата наназад. Папуљас е за реформа на државата ЕРТ, но е против нејзино затворање.

„Донесовме заклучок за продолжување на штрајковите во сите медиуми (весници, радио, телевизија, интернет)“, се вели во соопштението на Здружението на новинари на Грција. Колку долго ќе траат штрајковите останува отворено. И покрај заклучокот на судот, со кој штрајкот вчеравечер беше прогласен за нелегален, новинарите го продолжуваат својот отпор. На крајот на август е планиран нов старт на ЕРТ со околу 1200 вработени.