1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Дали еврото може да стане водечка светска валута?

Еврото во изминативе денови достигна рекордна вредност во однос на американскиот долар. Експертите предвидуваат натамошен раст. Дали еврото може да му го одземе приматот на доларот и да стане водечка светска валута?

default

Евро и долар

Водечката валута во светот мора да исполнува повеќе критериуми, смета Дејвид Милекер шеф на Унион Инвестмент

„Најважно е што валутата е конвертабилна, второ што е важно е пазарната ликвидност. Тоа значи дека бројката на хартии од вредност со кои навистина може да се тргува е голем, Еврозоната тука е на најдобар можен начин да го престигне доларот. Тоа е целосно нова ситуација, што во времето на германската марка не беше случај. Никогаш претходно не постоеше валута која во таа категорија можеше да се носи со доларот. Сега тоа го имаме од 1999 година„

Тоа е нова ситуиација и за доларот, кој по втората светска војна, ја замени британската фунта како светска валута. Сега на пример Швеѓаните во девизните резерви имаат долари и евра. Слична е ситуацијата и во Кина, каде националната банка дел од девизните резерви ги претвори во евра. Истото го планираат и Иран, Русија и некои арапски држави, богати со нафта. Милекер смета дека да се биде водечка светска валута има добри и лоши страни:„Како прво оној кој ја поседува водечката светска валута може да си дозволи удобен живот, бидејќи многу држави ги купуваат вашите хартии од вредност. Маната е тоа што потоа морате да платите за таа вредност. Цената е намалена макроекономска стабилност. Се губи на пример контролата за количината на парите на пазарот. Тоа сигурно нема да и се допадне на европската централна банка„

Сепак експертите не сметаат дека во наредните години ќе дојде до промена на светската валута. И покрај моменталната економска слбост, Америка и натаму е значајна.