1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали ДУИ ќе учествува во новата влада?

Во Македонија по викенд паузата денеска се очекува да продолжат преговорите за составот на новата влада под водствто на ВМРО ДПМНЕ а во која сеуште е неизвесно дали ќе учествува и ДУИ.

Лидерот на ДУИ Ахмети, на изборен плакат

Лидерот на ДУИ Ахмети, на изборен плакат

„Реториката која беше наметната во рамките на предизборната кампања е нешто што во некои околности е разбирливо, но мислам дека таква состојба повеќе беше предмет на однесување од страна на новинарите. Очекуваме поконструктивен пристап на сите медиуми.“

И повторно уште едно напаѓање на новинарите: „Од голем дел на медиумите исто така се наметна состојбата дека ДУИ и само ДУИ по секоја цена сака да влезе во власта. Ние тоа не го сфааќаме така, туку како потреба од продолжување и зацврстување на елеметните од Охридскиот договор. Непочитување на овој договор е она на што ние реагираме, затоа што двојното мнозинство е уставна категорија. Не би било демократски коректно да во едното мнозинство биде преставено мнозинствотот кое е легитимно избрано, а другото мнозинство да го преставува дел кој изгуби на изборите. “

Вчера во изјата за Доје Веле потпретседателот на партијата Теута Арифи беше сосема конкретна: ДУИ не прифаќа да биде опозиција. Таа со парламентарната победа е легитимниот претставник на Албанците во Македонија, и од нив доби мандат да биде во владата. ДУИ нема да се извинува никому оти никого не навредила, вели Арифи.

Во оваа ситуација ДПА мудро молчи, пребројуваќи колку ќе добие министерски места и функционерски позиции во вториот и третиот ешалон на власта. Дојче Веле повеќепати безуспешно се обидуваше да добие изјави од челниците. Но затоа последниве некоклу дена е интензивирана расправата во албанската интелектуална и експертска јавност околу тоа кој има и кој нема легитимитет да ги претставува Албаницте во извршната власт по парламентарните избори. Аналитичарот Ким Мехмети, вчера коментираше

„Проблемот е тоа што ДПА го негира гласот на Албанците и што гази врз него, велејќи ние сме нивни претставници, ние сме идеолошки блиски со Груевски.“ Груевски уште првиот ден, коментира аналитичарот ја наметна оваа игра и соопшти дека ќе ја повика ДПА во владата и со тоа на неа и на ДУИ им ја симна цената на минимум за да има помалку министри во владата.