1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали ДУИ ќе биде дел од новата влада?

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска ќе го добие мандатот од претседателот Бранко Црвенковски за состав на новата влада во Македонија. Ќе има ли во нејзе место и за ДУИ чии претставници денеска требаа да ги продолжат разговорите со ВМРО ДПМНЕ?

Изборен плакат на ДУИ

Изборен плакат на ДУИ

Се подготвува терен за влегување на ДУИ во владата на ВМРО ДПМНЕ или двете партии се трудат да го поправат демократскиот впечаток пред домашната и меѓународната јавност? Ова прашање засега е без одговор по вчерашниот неочекуван пресврт на релација ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Дијалогот е деблокиран. Денеска ќе има нова рунда преговори меѓу партиските челници.

„Ние со ДУИ значи не дојдовме, и во претходните дискусии не дојдовме за прашањата на ресорите. Ние сега го продолживме дијалогот. За евентуално учество во владата решава извршниот комитет на партијата.“ рече Трајко Славевски по средбата со Муса Џафер од ДУИ

Спроред Џафери „Јас не сакам да навлегувам, во она што е право на ВМРО ДПМНЕ конкретно на мандатарот. Како и до каде се разговорите со другите партии. Мислам дека сериозни прашања ќе се расчистат и аргументите ќе се одмерат на маса. Политичките партии кои ќе разговараат ќе извлечат заклучоци врз најважните аргументи. “

Затоплувањето на односите се случува по медијаторството на странците. Двете страни ги смирија тоновите по средбата со американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ. Таа вчера негираше дека на Американците им е многу важно да ја сместат ДУИ во владата. „Без оглед каде ќе биде оваа партија во опозиција или во владата очекувам дека ќе биде конструктивен фактор.“ изјави американскиот дипломат.

Составот на новата македонска влада ќе биде познат најдоцна за 20 дена. Попладне лидерот на победничката коалиција Никола Груевски и официјално ќе го добие мандатот од претседателот Бранко Црвенковски. Според досегашните најави партиите од парламентарното мнозинство веќе имаат начелен договор за поделба на владитните ресори.