1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Дали Декларацијата за добрососедство е решение за спорот со името?

Разговорите во Охрид околу спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц,посредувачот од ОН, ги оцени како успешни,отворени и флексибилни. Но,разликите околу името остануваат

default

Димитров, Василакис и Нимиц во Охрид

Македонија излезе со предлог на неколку документи и иницијативи, меѓу нив е Декларација за добрососедство, со клаузула дека нема територијални претензии кон Грција. Предложено е основање заедничка образовна историска комисија од експерти,историчари и претставници на невладиниот сектор на двете земји. Во неа би се разменувале мислењето на двете страни за историските факти што се сметаат за проблематични.

Иницирано е и подигнување на интензитетот на економските и политичките дијалози на повисоко ниво со решавање на прашањата за бизнис заедницата, отворање нови гранични премини,избегнување на двојното оданочување.

На тричасовните разговори во Охрид, на кои покрај преговарачите Никола Димитров од Македонија, Адемантиос Ваисилакис од Грција и посредникот во спорот, Метју Нимиц од ОН, учествуваше и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

Медијаторот од ОН во спорот, Метју Нимиц, изјави:

„Разговаравме многу отворено, средбата беше конструктивна, треба да се согледа комплексноста на политичките, економските и безбедносните прашања што треба да се решат.“

Метју Нимиц ја најави следната средба во Грција што треба да се одржи за неколку недели.

Грција сака сложено име за Македонија

Македонскиот преговарач Никола Димитров не го прифати толкувањето на грчкиот амбасадор Адемантиос Василакис за комплексно име на земјата, што значи додавка на името Македонија.

Но, грчкиот амбасадор има поинаков став:

„Ако најдеме солуција за заедничко име, брзо и ефикасно ќе напредуваме.Грчката влада бара брзо решение. Термините за приемот во НАТО на Македонија се совпаѓаат со ова забрзување и со средбите,“ рече Василакис.

„Ако ви го кажам грчкиот предлог за сложеното име,тоа ќе чини еден милион долари“,се пошегува на крај грчкиот преговарач.

Следната рунда преговори за спорот околу името ќе се одржи во Грција.