1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали да се прими помош од непријателот?

Повеќе од една петтина од територијата на Пакистан веќе две недели е под вода. Итна помош на Пакистан му понуди и Индија, во висина од пет милиони долари. Но, Пакистан се’ уште размислува дали да ја прифати помошта.

default

Сплотување во несреќата

Тое е проблематичина тема, се вели од сите страни во пакистанската влада. Вечниот непријател и сосед Индија му понуди на Исламабад пет милиони долари итна помош, како придонес за справување со поплавите. Од Пакистан се’ уште нема одговор. Политикологот Сајад Насер од Лахоре ги појаснува причините за тоа: „Ова колебање е поврзано и со националната гордост. Од друга страна, со оглед на оваа страшна катастрофа, при вакви размери, би требало да е добредојдена секаква помош. Меѓутоа пакистанската влада мора да мисли на политичките последици. Таа е заслабната. Медиумите дискутираат околу нејзината веродостојност и лошото водење на владата. Во еден ваков момент да се прифати и помош од Индија, би можело натамошно да го влоши нејзиниот углед.“

Атомските сили си помгаат при природни катастрофи

Pakistan Indien Neue Eiszeit Symbolfoto Flaggen Eiszapfen

Пакистан и Индија-стари ривали

Притоа двете атомски сили Индија и Пакистан, и покрај сите затегнатости во изминатите десет години, постојано си помагаа при надминувањето на природните катастрофи: во 2001 година при земјотресот во индиската покраина Гуџарат, Пакистан испрати шатори, ќебиња и прехранбени производи. Во 2005 година по земјотресот во пакистанскиот дел на Кашмир, Индија понуди хеликоптери за да се стигне до отсечените села, но тогашниот претседател Первез Мушараф ја одби помошта, инсистирајќи хеликоптерите да ги управуваат пакистански пилоти, оти Кашмир е високо чувствителен воен регион. Позитивно беше отворањето на границата, така што луѓето од двете страни си помагаа при обновата. Индија се обврза да префрли 25 милиони долари итна помош.

Pakistan Flutkatastrophe

Политикологот Насер нагласува колку се корисни ваквите гестови: „Односите меѓу Индија и Пакистан мора да бидат набљудувани на две нивоа. Од една страна се односите меѓу владите и тие им подлежат на одредени стеги. Меѓутоа дипломатијата меѓу луѓето функционира поинаку. Веќе 12-14 години новинарите и други групи од цивилното општество се посетуваат едни со други. Тоа е многу важно, оти само ако ова движење стане посилно, секој ќе може да изврши притисок кај својата влада да бара можности за подобрување на односите.“

Три војни водеа Иднија и Пакистан по нивната независност во 1947 година. Досегашните скромни обиди за траен мир не донесоа успех. Притоа, нападите од ноември 2008 година врз индиската финансиска метропола Мумбај им зададоа тежок удар на напорите за трајно примирје. Имено единствениот преживеан атентатор Ајмал Касаб потекнува од Пакистан. Тој призна дека нападите биле планирани на пакистанска територија. Индискиот експерт за безбедност Афсар Карим нема разбирање за ставот на Пакистан. „Јас сум неверојатно разочаран за тоа и немам разбирање, што при една хуманитарна катастрофа воопшто станува збор за политика.“

Луѓето во Пакистан позитивно гледаат на понудената помош од Индија

Überschwemmung in Pakistan

И во катастрофата се размислува чисто политички

Вака реагираат дел од граѓаните:

„Станува збор за човечко сочувство. Прифаќаме помош од целиот свет, зошто не од Индија? Тоа не би требало да е голем проблем. Дури и ако мислиме на иднината, можеби Индија ќе се најде во слична состојба, па ние ќе и помогнеме. Тоа е човечност.“

„Ако Индија навистина сака да ни помогне, тогаш треба да ја прифатиме оваа помош.“

„Индија ни е сосед, што има лошо во тоа да добиеме помош од соседот?“

Автор: Прија Еселборн/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска