1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„Дали глобализацијата се креиера по мерка на човекот?“

Германската канцеларка Ангела Меркел во говорот на отворањето на Светскиот економски форум во Давос упати повик да бидат искористени шансите на глобализацијата. Канцеларката пред форумот во швајцарското одморалиште, кој секоја година собира стотици политичари и врвни менаџери, се заложи и за засилени активности во борба против промената на климата.

Ангела Меркел во Давос

Ангела Меркел во Давос

Ангела Меркел во Давос не говореше во својство на шефица на влада, туку како претседавач со ЕУ и Г8. Во овие улоги во наредните месеци таа ќе мора да се соочи и со главаната тема во Давос: Промената на односите на силите во светот: „Она што сега претставува предизвик е тоа дека навиките, наследството, одамна воспоставените правила, веќе не се гаранција за успех. Стаите хиерархии се трошат, светот станува рамен – како што вели американскиот публицист Томас Фридман. Ресурсите потенцијалите и моќта можат преку ноќ во целост да се променат”

Населението не гледа шанса во глобализацијата

Во Германија и Европа, тие промени до сега често беа поврзувани со укинувањето на работни места и со преселба на претпријатијата. Голем дел од населението поради тоа во глобализацијата не гледа шанаса. Тоа го знае и Ангела Меркел: „Она што за некого е надеж за друг е причина за страв и загриженост. Ние политичарите ги познаваме тие стравови многу добро и мораме поради тоа да сториме се што е можно за и политички да ја вообличиме глобализацијата” Луѓето ги имаат вперено погледите во нас прашувајќи се - Дали глобализацијата се креира по мерка на човекот? ”

Меркел главниот предизвик за Европејците го гледа токму во односот кон последиците на глобализацијата. Со такви проблеми може успешно да се соочи само доколку постои единство: „ Европа со постоечката регулатива не е подготвена да реагира на соодветен начин. И поради тоа сум уверена дека на процесот на обединување на Европа сега му е потребна уставност, која се заснова на нови, а не на некои застарени предизвици. Ние знаеме дека проширувањето на ЕУ не може да се постигне со статус кво”.

Меркел кон ова додаде дека сака да стори се повторно да биде покренат процесот на донесување на Европскиот устав.

Борбата против промена на климата - нов предизвик

Германската канцеларка во Давос говореше и за заканите од промената на климата. Таа се заложи за засилени напори во борбата против оваа појава. Политиката сама не може да го запре загревањето на планетатат. И економијата мора да го даде својот придонес кон тоа – истакна Меркел.