1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Дали „Газпром“ ја губи монополската позиција?

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ добива конкуренција. Други руски продуценти на гас се наметнуваат на светскиот пазар. Течниот земјен гас доведува до поголема конкурентност и би можел да ги намали цените.

„Газпром“ се'уште има привилегирана позиција, како единствен продавач на рускиот гас во целиот свет. Но, тоа наскоро би можело да се промени. Тоа би било можно преку течниот земјен гас. Имено при транспортот на овој енергенс постоечката гасоводна мрежа на „Газпром“ не игра никаква улога. До клиентите од целиот свет тој може да стигне и со брод. Пред се' во азиско-пацифичкиот регион би можел да падне извозниот и пред се‘ монополот на цените. на „Газпром“.

Одговорното министерство за енергија во Москва веќе подготвува нов правилник за извоз. Со него треба да им се доволи извоз на течен гас и на други руски фирми. За тоа веќе се интересираат две големи претпријатија: „Новатек“ и „Роснеф“. Како државно претпријатие „Роснеф“, исто како и „Газпром“, е во надлежност на Кремљ. Но исто така и привантото претпријатие „Новатек“ може да смета на државна поддршка. Имено, сопствениците на фирмата се тесно поврзани со претседателот Владимир Путин.

Силна конкуренција за „Газпром“

Дебатата за монополот при извозот се води одамна. Уште во 2010 година „Газпром“ потпиша договор со „Новатек“. Тој се однесува на западносибирскиот полуостров Јамал, кој се смета за најголемо наоѓалиште на гас во светот. Договорот на „Новатек“ му овозможува извоз на течен гас кон Азија. „Новатек“ за тоа на „Газпром“ му плаќа провизија во висина од, според проценките, од два до пет проценти од добивката од продажбата.

Igor Setschin von Rosneft

Игор Сечин од „Роснеф“

Пред неколку месеци „Новатек“ во борбата против монополот на „Газпром“ доби неочекувана поддршка. Игор Сечин, влијателниот шеф на „Роснеф“ и во минатото одговорен во владата за енергетскиот сектор, јавно се произнесе дека „Газпром“ нема да има големи загуби, ако и други руски понудувачи на земјен гас смеат да извезуваат во азиско-пацифичкиот регион.

Досега државното претпријатие „Роснеф“ немаше проекти за течен гас. Но неодамна доби 40 лиценци за користење на континенталните гребени на Русија, каде се претпоставуваат големи количини на земјен гас. Сечин затоа сега предлага либерализација на извозот на течен гас добиен од континенталните области.

Гасниот гигант молчи

Изјавите на Сечин се чини дека наидоа на одобрување во руската влада. Имено, кратко откако продреа во јавноста, надлежните власти, пред се' министерството за енергија започна со изработка на нови правила за извоз за енергетскиот сектор. Неофицијално се вели дека веќе наредните недели може да биде објавен предлог за новите прописи. Официјално министерството за енергија во моментов не дава коментар на оваа тема.

Гасниот гигант „Газпром“ учествува во дискусијата за новото регулирање , но пред се' укажува на ризиците од либерализацијата на извозот. „Со оглед на кризата во светското стопанство, конкрентнос меѓу руските производители на гас на пазарите каде се дистрибуира енергијата, би довело до намалување на цените и пониски приходи за државата“, ова е коментарот за оваа тема на одговорните за односи со јавност во фирмата.

Предизвик за стратегијата на претпријатието

За да се намалат ризиците за „Газпром“, укинувањето на монополот за извоз би можело да се спроведе етапно, смета Дмитриј Чернадјев, експерт за енергија на економската косалтинг фирма „Алфа капитал“. Додека Азија наскоро би можела да биде трговско поле за нови понудувачи, Европа и натаму би останала во домен на „Газпром“. „Властите тендираат на оваа варијанта, бидејќи стравуваат дека дозвола за извоз на течен гас кон Европа ќе направи непотребен конкурентен притисок на европскито пазар и би можела натамошно да ги намали цените“, појаснува Чарњадев.

Експертите сметаат дека „Газпром“ на долг рок ќе мора да ја смени комплетната стратегија на претпријатието. Досегашниот бизнис модел со долгорочни договори и врзување на цената на гасот за цената на нафтата ќе треба да се преиспита. Сергеј Пикин, директор на фондацијата за енергетски развој смета дека „Газпром“ ќе мора да го смени ставот и кон европските клиенти. „Концернот мора да биде пофлексибилен, во поинаков случај постои опасност, многу брзо да изгуби значаен дел од пазарот“, предупредува експертот.