1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Дали Гадафи ја финансирал кампањата на Саркози?

Бемер Кристијан, дпа
20 март 2018

Дали режимот на поранешниот либиски диктатор Моамер ал-Гадафи помогнал во финансирањето на претседателската кампања на Никола Саркози пред 11 години? Француските власти одамна го истражуваат случајот.

https://p.dw.com/p/2udhe
Nicolas Sarkozy
Фотографија: Getty Images/AFP/G. van der Hasselt

Никола Саркози се сметаше за влијателен човек, без оглед што веќе шест години не е претседател на Франција. Од таа причина, веста дека  63-годишниот политичар е приведен на сослушување,  денеска подигна високи бранови во политички Париз. Уште од пред пет години е започната истрага во врска со сомневањата дека во 2007. година во изборната кампања на Саркози дотекле илегални либиски пари. Антикорупциската полиција сега првпат го сослушува Никола Саркози во врска со оваа афера. 

Дали ќе стане тесно за „Сарко“, темпераментниот политичар и поранешен „хипер“-претседател? Дали постојат нови докази? За францускиот информативен портал „Медиапарт“ испрашувањето на поранешниот шеф на државата е секако барем индиција дека истрагата се забрзува на спектакуларен начин. И блискиот соработник на Саркози, екс-министерот Брис Ортефе морал да даде исказ пред истражителите, но според медиумите, не бил приведен. Порталот пишува дека станува збор за „исклучителна афера“, нешто незабележано од основањето на Петатта Француска Република во 1958. година. Сослушувањето во Франција може да трае до 48 часа, за кое време приведената личност не може да се движи слободно. Потоа треба да биде одлучено дали ќе биде покрената истрага против Саркози.

Muammar Al Gaddafi Portrait
Моамер ал-Гадафи - финансиер на Саркози? Фотографија: Khaled Desouki/AFP/Getty Images

„Политичкиот пензионер“, како што Саркози понекогаш е нарекуван во Франција, со години е следен од скандали, пред околу четири години поради друга истрага беше приведен 15 часа. 

Повеќе на темата: 

Саркози се враќа на политичката сцена

Никола Саркози на сослушување во полиција

Во врска со „Либиската афера“ според медиумите, истрагата има собрано стотици документи, против дел од учесниците веќе е отворена постапка, а сега во центарот се наоѓа Саркози.

„Медиапарт“ уште пред шест години го лансираше обвинувањето дека режимот на екс-либискиот диктатор Моамер ал-Гадафи ја кофинансирал изборната претседателска кампања на Саркози со повеќе, дури и до 50 милиони евра. Во 2016. година се јави бизнисменот Зијад Такидине со тврдење дека тој лично пренесол неколку куфери со пет милиони евра од Либија во француското Министерство за внатрешни работи, а таму во тоа време ресорен шеф беше Саркози. Никола Саркози ги негираше обвинувањата.