1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали вреди да се жртвува демократскиот имиџ?

Македонија го врати имиџот на демократска држава, но експертската јавност во земјата сепак се прашува: дали изборите навистина поминаа фер и демократски? Тие имаат неколку забелешки.

default

Генералната оценка е дека изборите поминаа фер и демократски

Првиот круг од претседателските и локални избори внесе оптимизам во Македонија дека земјата може да организира избори според елементарните меѓународни стандарди. Универзитетскиот професор, Јован Донев, оценува: „Добро организирани фер и демократски избори за искажување на слободната волја - она за што цело време говоревме дека можеме да го спроведеме. Граѓаните на Република Македонија се доволно образовани и доволно свесни за важноста на тоа чинот на гласањето да помине фер и демократски.“

Супериорната победа на ВМРО-ДПМНЕ во првата рунда од гласањето, со дваесетина избрани градоначалници (наспроти четворица од СДМС), доминацијата на ДУИ во албанскиот електорат, како и покажаната надмоќ на претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, наспроти гласовите за Фрчкоски, би требало да гарантира коректен втор изборен круг. Повеќето аналитичари проценуваат дали вреди да се жртвува повратениот демократски имиџ на Македонија за неколку помалку или повеќе градоначалнички места. Но, дел од експертската јавност е внимателна пред одговорите на серијата прашања од типот: дали има фер финансирање на предизборните кампањи, дали гласачите се чувствуваат слободни да си го формираат мислењето, без притисоци од политичките партии. Дали Македонија целосно ги исполнува стандардите за фер и демократски избори?

Автор: Александар Чомовски

Редактура: Трајче Тосев

DW.COM