1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали во Турција ќе семее да се носат шамии на универзитетите!?

Законот кој предлага на турските универзитети да смее да се носи шамија ја подели републиката. Во повеќе градови низ Турција се одржаа протести. Владата го брани предлогот, за кој неделава треба да гласа Парламентот.

default

Шамии и на факултет?

Секуларистите во Турција се во тревога, откако уставната комисија на турскиот парламент го прифати заедничкиот предлог на владејачката партија за правда и напредок и опозиционата партија на националистичкото движење за измена на два члена од Уставот со кој треба да биде укината забраната за покривање на жените со шамии на факултетите.