Дали Бундесверот е преоптоварен? | Европа | DW | 23.02.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Дали Бундесверот е преоптоварен?

Германија сака да се агажира повеќе во мисии во странство, вклучувајќи ги и воените мисии. Дали германската армија има капацитет за нови мисии? Плановите се амбициозни, а Бундесверот веќе сега има проблеми.

Бундесверот е веќе ангажиран во повеќе региони во светот: Авганистан, Мали, Рогот на Африка, Косово, Средоземјето. Во моментов се водат разговори и за Централноафриканската република и за уништувањето на сириското хемиско оружје во Средоземјето. Дали Бундесверот има доволно луѓе за сето тоа?
Министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен вели: „Имаше времиња кога 11.000 војници беа во мисија. Сега се ангажирани 5.000 и овој број ќе се намали поради повекувањето од Авганистан.“

„Бундесверот има вкупно 185.000 војници, значи има капацитет“, потврдува во интервјуто за ДВ и Хелмут Кенигсхаус, ополномоштеник за Бундесверот на германскиот парламент. Тоа, меѓутоа, не важи за сите области.

Специјалисти во фокусот

Bundesverteidigungsministerin Ursula von der Leyen im Senegal 05.02.2014

Министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен

Бундесверот во мисии веќе не испраќа борбени единици, туку обезбедува советодавна и логистичка поддршка. Поради тоа, сѐ повеќе се бараат пилоти, логистичари за воздушен транспорт, офицери за обука, лекари и болничари. А токму нив засега ги има доволно, но прашање е дали така и ќе остане.
Според упатствата кои сега важат во Бундесверот, војниците максимално 4 месеци се нон-стоп во мисија во странство, потоа следи регенерирање од 20 месеци. Меѓутоа, за одредени струки тој период на регенерирање последниве години беше покус.

„Проблемот би можел да се реши со обука на повеќе специјалисти, но тоа ќе даде резултати дури по повеќе години“, смета Харалд Кујат, генерал во пензија. Освен тоа, тоа би значело дека поради мисиите во странство ќе се запостават други области. Според упатствата на одбранбената политика на Германија, ангажманот би требал да оди „повеќе во широчина отколку во длабочина“. Бундесверот би требало да биде во состојба во секој момент да има подготвени две бригади, значи до 10.000 војници за интернационални мисии. Тоа е сега изводливо.