1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Дали „бетонското злато“ е сигурно пристаниште?

Осцилации на курсевите на акциите, ниски камати на заштедите - кој сака сигурно и долгорочно да ги вложи своите пари, нему му е тешко во време на еврокризата. Што би било подобро од инвестиција во недвижности?

Семејна куќа со 200 метри квадратни станбена површина, со вградена кујна, убави бањи, подрум, тераса и голема градина во помирна населба, вакво нешто во Германија може да се купи или за 240.000 евра или за два милиони. Разликата е во местоположбата: руралниот дел на Источна Вестфалија или Минхен.

Kündigungsschutz erlischt Einigungsvertrag

Местополжбата клучна за цената на недвижностите

Кој може се сели во град, заклучува Михаел Хитер, директор на Институтот на германската економија: „Луѓето не се селат во руралните простори. Внатрешната преселба и миграцијата од надвор во Германија, која се засили во последните години, и за која претпоставуваме дека ќе продолжи, се концентрира на големите градови, на урбаните центри“.

Соодветно таму се зголемуваат и станарините, како и цените на недвижностите. Според една студија на Институтот на германската економија, која ги истражуваше пазарите на недвижности на петте најголеми германски градови, цените во Хамбург во периодот од 2003 до 2011 се зголемија за 31 процент, во Берлин дури за 39 проценти. Најскап метар квадратен е во Минхен, просечно 4.200 евра.

Развојот на цените буди непријатни сеќавања. Не беше ли кризата со пазарот на недвижности во САД и наглиот пад на цените во Ирска и Шпанија, кои стоеја на почетокот на финансиските турбуленции и должничката криза на еврото? Се развива ли и во германскиот сектор со недвижности меур од сапуница?

Symbolbild Immobilienkrise in Spanien

Шпанскиот меур со недвижности неможе да се повтори во Германија

Во студијата се негира оваа опасност. Симптоми за шпекулативно презагревање би биле екцесивно доделување кредити, чести продажби како и високи куповни цени во споредба со станарините и приходите. Во Германија не постои ниту една од овие индиции, вели економот за недвижности Михаел Фоигтлендер: „Во моментов повеќе има купувачи, кои се долгорочно ориентирани. Тие размислуваат, кои се алтрнативите, како можам долгорочно да го заштитам мојот капитал од инфлација и затоа инвестираат тука. Она што е шпкулативен меур и што го доживеавме на почетокот во 2006 и 2007 година е размислувањето, како можам една недвижност да ја продадам за две три години и тоа со добивка. Тоа во моментов не е во преден план“.

Особено значајно, дополнува шефот на Институтот на германската економија Хитер, е начинот на финансирањето на недвижностите, значи прашањето дали парите доаѓаат од споствената сметка или се позајмени од банка. „Во Германија доделувањето на кредити во никој случај не е експанзивно, такво нешто не гледаме. Од јануари 2003 година до 2012 година кредитните пласмани се зголемени за седум проценти. Во Шпанија и во Ирска кредитните пласмани за купување на станбени недвижности во истиот временски период се покачија за стоипедесет проценти“.

Wohnimmobilienmarkt in Deutschland

На покачувањето на станарините треба да се прилагодат социјалните системи

Во Германија дури се зголеми уделот на сопствен капитал при финансирањето. Банките, смета Хитер, меѓутоа извлекоа поука, неконтролирано доделување на кредити повеќе не постои. Германскиот пазар на недвижности е здрав, смета претседателот на Институтот на германската економија, додека цените ја отсликуваат состојбата со понудата и побарувачката.

Институтот сепак гледа еден проблем. Со оглед на тоа што растат и станарините во градовите, таму доаѓа до зголемена конкуренција. Токму луѓето со пониски примања се’ потешко можат да најдат стан кој може да го платат. Овде на потег е политиката. Од една страна во градовите би морало, пред се’ во предградијата да се форсира и олесни изградбата на нови станбени објекти. Од друга страна, на покачувањето на станарините мора да се прилагодат и социјалните системи, односно да се покачи додатокот за стан.