1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Дали Баерн го губи тлото под нозете

И покрај тоа што трката за шампионската титула во Бундеслигата стануве се понеизвесна , тоа беше во сенка на одлуката на селекторот Клинсман за првиот голман на репрезентацијата на Светското Првенство

Леман победник во дуелот со Кан

Леман победник во дуелот со Кан

Актуелниот шампион на Бундеслигата и лидер на табелата по нерешениот исход во минатото коло дома против Келн во ова коло доживеа тежок пораз на гости против конкурентот за титулата Вердер од Бремен со три спрема нула .

На тој начин трката за шампионската титулата , станува се позанимлива со оглед дека Хамбургер со победатата во ова коло од 2:0 против Борусија од Менхенгладбах се приближи само на 4 бодови разлика од Баерн.

Вердер истотака е во игра за титулата со оглед дека на пет кола пред крајот има седум бодови заостанување зад шампионот од Минхен.

Но и покрај ваквиот развој на настанатите на врвот од табелата во Бундеслигата , ова коло сепак мина во сенката на одлуката на националниот селектор Јирген Клинсман во трката меѓу Јенс Леман и Оливер Кан , да се одлучи чуварот на мрежата на лондонски арсенал да биде прв голман на репрезентацијата на светското првенство

Решението беше најавувано за почетокот на мај, но по големиот притисок од медиумите, но и од редовите на Баерн, сојузниот тренер Јирген Клинсман дефинитивно се определи Јенс Леман да биде прв голман на германската фудбалска репрезентација:

„ Ние мислиме дека Јенс е малку подобар за задачите што ни претстојат на светското превенство . Ние имаме доверба во него и уверени сме дека тој на првенството добро ќе ја води релативно младата одбрана што ја имаме“- порача Клинсман во петокот

Леман инаку одлично го чува голот на Арсенал во англиското првенство, а во европската Лига на шампионите веќе на осум средби нема примено гол, што е рекорд во најквалитетното европско клупско натпреварување. Оливер Кан, напротив, во последниов период покажа знаци на неигурност, си дозволи киксови кои не му прилегаат на голман од светска класа. Во Баерн тоа го протолкуваа како резултат на притисокот во отворената борба за дресот број 1 во репрезентацијата и бараа од Клинсман конечно да ја отстрани неизвесноста.

Клинсман во петокот претпладне своето решение му го соопштил и на Баерн:

„Тоа беше најтешкото решение во мојот досегашен мандат. Ние го почитуваме начинот на кој Оливер Кан реагираше на таа одлука “ – рече селекторот.

Инаку Оливер Кан по разговорот со раководството на својот клуб изјави: „Многу сум изненаден и безмерно разочаран од ова решение. Сега во наредните недели целосно ќе се концентрирам врз задачите кај Баерн во Бундеслигата и во германскиот куп. Во наредните недели ќе размислам околу мојата натамошна иднина во германската репрезентација и во дадено време ќа се изјаснам во врска со тоа“.

И покрај разочарувањето Кан се појави наредниот ден на голот на баерн но заврши со три гола гола во мрежата . Ули Хенес меаџерот на Баерн, смета дека и покрај тешката состојба во која се наоѓал Кан одлично бранел против Бремен:

„Беше навистина тешко за нас , да го убедиме да патува за Бремен . Тоа беше тешко но по една опсежна дискусија успевме да го убедиме да го надмине разочарувањето . И мислам дека тој одлично се дежеше за време на мечот , без грешка . При сите три гола тој не можеше да стори повеќе “

Соиграчот на Кан во Баерн и во репрезентацијата Михаел Балак , сепак смета дека одлуката на Клинсман во мал дел влијаела и врз исходот на мечот против Вердер:

„Екипата нормално беше малку шокирана. Таа сочуствува со Оли. Тоа е сосема нормално. Тоа е извонреден играч кај нас и една таква одлука секако дека ги погодува и соиграчите “ – рече Балак .

Тим Боровски играчот на Вердер и член на репрезентацијата кој во саботата успеа еднаш и да го совлада Кан истотака е изненаден од одлуката на селекторот:

„За мене морам искрено да кажам, беше истотака некако изненадувачки , но и покрај тоа , мислам дека Оли како поединец е многу, многу важен за репрезентацијата . Можам само да кажам дека се надевам , дека тој ќе оди на Светкото првенство и оти силно ќе не подржи“.

Во дебатата околу одлуката на Клинсман да го назначи Леман за прв голман на германската репрезентација на светското првесноство со смирувачки тон се вклучи и претседателот на Организациониот Комитет на Мундијалот , германската фудбалска легенда Франц бекенбауер:

“ Мислам , дека за тоа воопшто не треба да се дискутира , дали тоа била добра или лоша одлука или пак како секогаш за тоа кој е подобар. Одлуката е донесена и мора сосема едноставно да се респектира“ .

Медиумите во следењето на случајот Кан , и обидот да го доловат неговото разочарување од одлуката на Јирген Клинсман сепак подзаборавија на славеникот Јенс Леман . И тој за време на викендот не мина добро со својот Арсенал. Во Лондон беше поразен 2:0 од Манчестер Јунајтед . Сепак Леман има како што рече има двојна причина за задоволство со оглед дека неодамна му се роди и ќерка:

“Ние нормално многу се радувавме поради раѓањето на нашата ќерка. Тоа е најважното. Тоа што за кратко време , се случија две убави работи , за кои мжам да се радувам , тоа го прави животот во моментов многу убав.

А причини за задволство во последното коло на лигата , покрај Хамбургер и Вердер имаа и екипите на Баер од леверкузен , Херта од Берлин , Келн Арминија Билефелд и Штудгарт , кои славеа победи во дуелите против Борусија од Дортмунд , Кајзерслаутерн . , Волфсбург Ајнтрахт од Франкфурт и Нинберг.

Екипата на Шалке со нерешениот резултат во Дуизбург си ги намали шансите за пласман во Лигата на Шампионите а нерешено во ова коло на Бундеслигата играа уште само Мајнц и Хановер.