1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Дали Алмуниа ќе се "извади”?

Министрите за финансии на земјите од монетарната евро – унија вечерва во Луксембург по вторпат за шест недели треба да разговараат околу спорните, ”разубавувани” податоци од Грција за буџетскиот дефицит. Министрите очекуваат предлози од еврокомесарот за монетарна политика, Хоакин Алмуниа - како да се спречат вакви манипулации во иднина.

Хоакин Алмуниа

Хоакин Алмуниа

Денеска нема да се разговара за казни за Грците. Министрите на земјите од евро групата засега не сакаат да се зафатат со жешкиот костен, но сепак, треба да стане збор за истражувањето на причините за погрешните податоци за буџетскиот дефицит што стигнаа од Атина. Скандалот околу фалсификуваните бројки за дефицитот му нанесе штета на угледот на монетарната унија. На маса лежат голем број факти, но не сите.

Министрите за финансии заедно со надлежниот евро комесар денеска сакаат да дознаат зошто Атина со години можела да пријавува разубавени факти за дефицитот без притоа на Брисел да му паднат в очи триковите. Притоа, непријано може да биде укажувањето на Грчката централна банка која постојано нагласува дека во Брисел ги пријавувала вистинските бројки за долговите. Тоа во Брисел можело да се порчита, наместо слепо да им се верува ан рфизираните бројки на владата во Атина.

Владата, тогаш сеуште во раце на социјалистите, најмалку од 2000-та година наваму редовно симнувала околу 2% од вистинскиот буџетски дефицит на земјата. Потрагата по причините веројатно ќе биде насочена кон Еуростат, властите за статистика во Луксембург, надлежни за собирање на економските податоци од земјите членки, кои веќе се погрижија да симнат дел од товарот од својот грб со тоа што навистина навреме им ставале на грчките бројки во кои се сомневале - фусноти. Но, во Брисел се чини, никој не ги читал фуснотите. Тие биле ситно испечатени.

Така повторно се стигнува до комесарот Алмуниа кој денеска ќе мора да ги објасни пропустите на своите луѓе. Во моментов, многу работи говорат во прилог на тоа дека комесраот ќе се обиде со напад за одбрана, и ќе бара повеќе компетенции за властите за статистика на ЕУ. Притоа, тој може да смета на германска поддршка.

Некаде во просторот, сеуште виси и обвинувањето дека Грција и станала членка на монетарната унија преку разубавување на фактите, односно дека во Брисел испраќала фризирани податоци за дефицитот уште од 1998 година. Тогаш се говореше за грчко чудо, а експертите ги фалеа изненадувачките намалувања на долговите како плод на железна дисциплина.

Комесарот Алмуниа минатата недела во грција испрати контролна група која требаше да ги провери обвинувањата. За резултатите до кои дојде групата во Брисел има тешки шпекулации. Многумина се надеваат дека извештајот на Алмуниа вечерва ќе внесе јасност.