1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Далеку е Келн за Металург

Ракометарите на Металург во Скопје загубија од првакот на Полска, Кјелце со 27:25( 13:13). Тоа беше првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Реваншот е следната недела во Кјелце.

Металург трет пат во оваа сезона е поразен од Кјелце. Полскиот првак одново се покажа како силна, превисока, ненадминлива бариера за скопските ракометари. Капитенот на Металург, Ванчо Димовски непосредно по натпреварот со многу самокритика за Дојче веле коментира:

„Одигравме катастрофално лошо. Цврстата одбрана со која започнавме, оддалечувањето на нивните играчи од зоната за шут, многу брзо почна да исчезнува. Им дозволивме на противничките ракометари да се „шетаат“ низ нашата зона, да создаваат од сите позиции чиста ситуиација за шут и да ја одржуваат резултатската предност.“

А, за Металург се започна според посакуваното сценарио. 7000 гледачи во салата, фантастична атмосфера,одлична игра во одбраната, нападот солиден и во неколку наврати водство со 3 гола разлика: 8:5, 10:7, 13:10. Надмоќноста на Металург траеше до 25- та минута. За Димовски, ваквиот тек беше асоцијација на мечевите против Кјелце во групната фаза од Лигата на шампионите:

„Сево ова ме потсети на есента во Скопје кога исто така водевме со 13:10, и Кјелце успеа резултатски да се врати. Немам објаснување што се случи. Им дозволивме да постигнат неколку лесни голови и брзо да го изедначат резултатот и на одмор да се отиде со идентични 13:13. Се покажа дека не можеме да го вратиме нашиот првичен ритам во играта“.

Клучна повредата на Станиќ

Еден од клучните моменти на натпреварот беше повредата на извонредниот голман на Металург Дарко Станиќ во средината од првото полувреме. Ракометарите на Кјелце имаа исклучително успечен период во второто полувреме, кој кулминира со 5 гола разлика: 25:20 и 27:22! Димовски вели дека

Vanco Dimovski Handballspieler Mazedonien

Ванчо Димовски

отсуството на Станиќ беше голем хендикеп, но пред се потфрли комплетната игра во одбраната:

„Влеговме во натпреварот, како екипа со најцвстата одбрана во Европа, со најмалку примени голови меѓу сите четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Сакавме и на овој натпревар да бидеме гранитни во одбраната, да соборуваме рекорди. Но, се случи спротивното да примиме најмногу голови во оваа сезона на еден натпревар. Психолошки не издржавме.“

Со два гола негатива Металург в недела во Кјелце ќе истрча на реваншот. Димовски најавува борба до последен здив:

„Жал ми е што не изборивме подобар резултат. Но, имаме една недела до реваншот. Да ги залечиме повредите, да се подготвиме за возвратниот дуел, да се обидеме да направиме подвиг. Од оваа позиција завршниот турнир во Келн изгледа далеку, но ќе направиме се што е во наша моќ. Можеби против Кјелце ќе се збогуваме со настапот во Лигата на шампионите,но тоа ќе го направиме на достоен начин. Тоа им го должиме и на нашите навивачи и на целокупната македонска ракометна јавност, од која имаме силна подршка“, заклучува капитенот на Металург, Ванчо Димовски.