1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Далај Лама официјално примен и во Канада

*

По Германија и САД, и Канада му приреди официјален прием на Далај Лама. Канадскиот премиер, Штефен Харпер водеше 40 минутен разговор со тибетскиот духовен водач. За време на посетата, Далај Лама е прогласен за канадски почесен граѓанин. Кинеската влада ја осуди средбата уште пред нејзиното одржување, тврдејќи дека Далај Лама се занимава со сепаратистички активности под плаштот на религијата. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, за весникот “Пасауер Ноје Пресе“ ја критикуваше германската канцеларка, Ангела Меркел, поради нејзината неодамнешна средба со Далај Лама, тврдејќи дека поради тоа односите со Кина сега се во тешка фаза.