1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Далај Лама не се повлекува

Тибетскиот духовен водач изјави дека останува на функцијата. Далај Лама, на вонредната конференција во Дарамсала, доби и поддршка од Тибетанците во егзил за неговата политика на „среден пат“ кон Кина.

default

Тибетскиот духовен водач Далај Лама

Тибетскиот духовен водач Далај Лама ја отфрли можноста да се повлече од функцијата, со што ги отфрли шпекулациите од последниве денови дека планира да се пензионира. "Имам морална одговорност да работам за тибетанските цели се’ до смртта“, рече Далај Лама, но додаде дека поради неговата старост се’ повеќе има улога на советник. Затоа набљудувачите сметаа дека седумдесет и три годишниот Лама ја свика вонредната конференцијата на Тибетанците во егзил во Дарамсала за да може полека на другите да им ја предаде огромната политичка одговорност што ја има и покрај тоа што никогаш не бил дел од тибетанската влада во егзил. На конференцијата, неколку стотици Тибетанци шест дена разговараа околу тоа во која насока ќе се развиваат односите кон Кина и во која насока ќе се развива ова движење, кое со децении се бори за автономија на Тибет од Кина.

Поддршка за „средниот пат“

Тибетанците во егзил решија да го поддржат планот на Далај Лама, таканаречениот „среден пат“, односно умерена соработка со Кина.

Vortrag auf Treffen der Exiltibeter

Во Дарамсала се одржа големата конференција на Тибетанците во егзил

Според еден од делегатите, поголемиот дел од присутните го поддржале предлогот само поради почит и приврзаност кон Далај Лама, што не значи и дека веруваат во планот за кој се залага нивниот духовен водач. „Средниот пат“ значи откажување од сонот за независност на Тибет, бидејќи со ова барање нема да се постигне никаков договор со Кина. Затоа Тибетанците ќе се стремат за поголема автономија во рамките на кинеската држава.

Младите Тибетанци во егзил бараат поинаков пристап

Но, многу млади Тибетанци во егзил на оваа конференција јасно кажаа дека не се подготвени така едноставно да го прифатат овој поблаг пристап. „Досега водевме политика на приспособување, но ништо не се промени. Треба да бидеме поофанзивни во однос на кинеската влада“, рече еден од делегатите.

И покрај фрустрациите од досегашниот исход на работите, кои не ги крие ни самиот Далај Лама, и изјавата дека му се намалува довербата во кинеската влада, тибетскиот духовен водач не се откажува од целта. „Еден ден ние ќе се вратиме во нашата сопствена земја“, изјави човекот кој половина век живее во егзил.

Инаку, шестдневната вонредна конференција на Тибетанците во егзил беше најголемиот ваков собир во последниве 60 години.