1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Далај Лама во Германија се слави како поп ѕвезда, во Кина и натаму е непожелна личност

Далај Лама денеска треба да се сретне со кенцеларката Ангела Меркел во нејзиниот кабинет, како што се вели „на прватна размена на мислења“. Во Кина овој потег наидува на голема критика.

default

Далај Лама

Еден од водечките кинески ексепрти и познавачи на Германија на реномираната Академија за социјални науки во Пекинг со писмо побара од канцеларката, краткорочно да ја откаже средбата.

Профеосорот Лиу Ликун рече дека Меркел прави неодговорен потег, доколку го прими во нејзиниот кабиент Далај Лама „Во писмото до г-ѓа Меркел ги наведов и можните последици - дека угледот на Германија во Кина ќе претрпи големи штети, дека силно ќе се оптоварат германско – кинеските односи.“

И во германските менаџерски кругови во Кина загриженоста е очигледна. Средбата со Далај Лама нема да донесе голема полза за економијата, се вели зад затворени врати.

Осуда од Пекинг за средбата во Берлин

Владата во Пекинг, веќе неколкупати ја осуди посетата на водачот на тибетските будисти на Германија.

Портпаролката на министерството за надворешни работи Џијанг Ју рече дека Далај Лама не е чисто религиозна личност „Тој е политичка фигура и се обидува во име на религијата да ја подели нашата татковина. Тој притоа не е сам туку ги репрезентира сепаратистичките сили. Тоа го одбиваме. Освен ова одбиваме, земјите да ги користат неговите активности за да се вмешаат во внатрешните работа на Кина.“

Исто и на кинескиот интернет, врз кој се врши строга цензура очигледно е незадоволството, поради планираната срдба во кабинетот на германската канцеларка. Средбата покажува „колку Германците станале корумпирани“ се вели во еден коментар. Во друг коментар на интернет пишува „Срамота за Германија“

Кинезите се навредени?

Професор Лиу вели дека Кинезите се навредени поради средбата. Само пред еден месец раководоството во Пекинг ја пречека Меркел со широко отворени раце. Дотолку повеќе сега овој потег се смета за навреда.

Тоа дека на разговорите со Далај Лама се работи за „приватна размена на мислења“ професор Лиу не верува „Германската канцеларка во служба, е се’ друго освен приватна личност. А потоа и односот меѓу различни земји, во случајов надворешната политика меѓу Кина и Германија, и тоа не е приватна работа.“

Кинеското министерство за надворешни работи, пред една недела го повика германскиот амбасадор во Пекинг Михаел Шефер, за да изрази протест против средбата.

Разговорот меѓу Меркел и Далај Лама денеска, предвидено е трае еден час.