1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Давос: Отворање очи пред растечката нееднаквост

Светскиот економски форум во Давос годинава се претставува како форум кој инсистира на сочувствување. Имено, високо на агендата стојат темите како невработеност или јазот меѓу сиромашните и богатите.

Клаус Шваб, основач и шеф на Светскиот економски форум на почетокот на средбата ги повика учесниците во Давос да не се концентрираат само на бизнисот. „Покрај целата мрежа, покрај сите бизниси, кои можеби ќе ги направите овде, покрај сите политички дискусии - на крајот е важна душата, вредностите се важни“, рече Шваб во поздравниот говор.

Меѓу 2.500 учесници се шефовите на најголемите светски банки и претпријатија, освен тоа шефови на држави или влади од околу 40 држави, научници и ѕвезди како на пример актерот Мет Дејмот и музичарот Боно.

Опомена од папата

Шваб освен тоа го поканил папата Франциско. Тој лично не дојде, меѓутоа испрати поздравна порака. Благодарение на стопанството се намали сиромаштијата на многу луѓе, смета папата, но истовремено тоа доведе до социјална дискриминација. „Мнозинството мажи и жени на нашето време сѐ уште живеат во секојдневна несигурност, честопати со драматични консеквенции“.

Schweiz World Economic Forum 2014 Klaus Schwab

Клаус Шваб

Папата апелираше на одговорноста на учесниците на форумот. Клаус Шваб јасно порача дека високо ги поставил целите за 44. издание на Светскиот економски форум. „Сакаме да ја оправдаме мисијата на Светскиот економски форум: Да ја подобри состојбата во светот“.

Оттука на почетокот стоеше анализа на состојбата. Кон ова припаѓаше прашањето, дали Европа во меѓувреме се опорави. Во основа расположението во Давос е повторно пооптимистичко, отколку во изминатите години. Впрочем европросторот не се распадна, како што извесен период се стравуваше. Меѓутоа и покрај некои позитивни знаци кај Аксел Вебер, поранешен шеф на германската Бундесбанка и денес претседател на управионт совет на големата швајцарска банка УБС, преовладува загриженост.

Преслаб пораст

САД многу подобро се опоравија од финансиската криза отколку Европејците, смета Вебер. Само развојот во Германија би можел да се издвои, остатокот од Европа сѐ уште има големи потешкотии. „Опоравувањето е преслабо, не се создаваат работни места. Тие меѓутоа ни се потребни за да излезме од кризата“.

Во ЕУ во просек секој деветти човек е без работа, во земјите како Шпанија или Грција дури секој четврти. Екстремистичките групации во ваквата клима имаат повеќе простор, вели Пјер Нантерм, шеф за Франција на меѓународното претпријатие „Accenture“. Тој смета дека многу граѓани би можеле да ги искористат европскте избори во мај, за на етаблираните партии да им испратат опомена.

„Кого го инетресира тоа?“

За тоа е виновно и стопанството, оти прашањето што презема една обединета Европа против растечката нееднаквост, најчесто воопшто не се отвора. „Секогаш станува збор само за банкарската унија или за улогата на централната банка. Но, кого го интересира тоа освен елитата?“, смета Нантерм. „Луѓето на улица не ги интересира тоа. Тие пред сѐ бараат работа“.

Symbolbild Europa Arbeitslosigkeit Jugendliche

Младите се силно погодени од кризата

Младите луѓе во многу земји на ЕУ се посебно силно погодени од невработеноста. „Младите се најголеми губитници во кризата“, вели Аксел Вебер од УБС. Но, и во други делови на светот невработеноста меѓу младите е голем проблем.

„Со оваа тема би морале сите ние да се занимаваме, не само индустриските и земјите во подем, исто и Африка“, вели Алика Данготе, претприемач од Нигерија и најбогатиот човек во Африка. „Ние мора да утврдиме, дека младите добро се образовани, за да можеме натамошно да растеме“.

Во многу земји на Европа меѓутоа и покрај доброто образование младите не можат да најдат вработување. Мартин Сорел, шеф на „WPP“ во Лондон, светски најголемиот холдинг на рекламни и комуникациски пртпријатија, затоа бара што е можно пофлексибилен пазар на трудот. „Потребно е само да се види однесувањето на членовите на управните одбори во Западна Европа“, вели Сорел. „Нивна главна грижа не е подобрување на тековите или покачувањето на продуктивноста. Ним пред сѐ им е важно да го намалат бројот на соработниците“.

Доколку би било поедноставно, работниците да се отпуштаат кога нема работа, претпријатијата исто така не би биле толку колебливи, да отвораат нови работни места и да им даваат шанса на младите луѓе, е аргументот. Синдикатите и законите за заштита на соработниците притоа би можеле само да пречат. И покрај новото расположение се чини дека аргументите во Давос не се значително променети.