1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Давос во потрага по нови економски правила

Во швајцарското монденско место Давос денеска продолжува работата на Светскиот економски форум, на кој учествуваат околу 2.500 светски политички лидери и економски стручњаци.

default

„Заеднички правила за нова реалност“, мотото во Давос

Темите што доминираат на форумот се загриженоста за растечкото влијание на Кина во политиката и бизнисот, како и проблемите во Европа предизвикани од должничката криза.

Францускиот претседател Никола Саркози денеска во Давос изјави дека неговата земја никогаш нема да се откаже од еврото и покрај кризите што ги предизвикаа големите државни долгови.

Deutsche Welthungerhilfe in Sarwan Indien

Немаат сите доволно храна

„Исчезнувањето на еврото би било речиси како катаклизма, така што не може да прифати таква идеја“, изјави Саркози, кој тврди дека во ова ја има согласноста и од германската канцеларка Ангела Меркел. Франција и Германија водеа три варварски војни, но сега Европа е најстабилниот континент во светот и нема да се дозволи еврото да биде уништено, беше категоричен Саркози.

Тој призна дека постојат стравувања за иднината на валутата откако беше побарано ЕУ и ММФ да помогнат за Грција и Ирска.

Индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно, пак, отвори уште една од клучните теми на денешнината - гладта.

Sarkozy / Frankreich / Paris

Никола Саркози

Според него, исцрпувањето на природните богатства и гладта претставуваат опасност за светската економија. Јудхојоно апелираше до Г20 за преземање заеднички чекори. Цените на прехранбените производи и на енергијата растат, а сиромаштијата и гладта можат да доведат до социјални немири, посебно во Азија, каде рапидно се зголемува бројноста на населението. Следната економска војна или конфликт може да биде онаа за „истенчените“ ресурси, порача индонезискиот претседател.

Петдневниот собир на државните моќници, кој започна синоќа, се одржува со досега невидени мерки на безбедност. Околу 5.000 швајцарски војници го обезбедуваат собирот, чие мото е „Заеднички правила за нова реалност“. Полицијата, пак, се подготвува за најавените протести на левите групи, очекувајќи дека ќе бидат мирни.

Автор: ЖА/дпа/афп

Редактор: Александра Трајковска