1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Давитковски се' уште не поднел оставка

Претседателот на Комисија која требаше да ги истражи собраниските настани од 24 декември Борче Давитковски претпладнево има средба со претседателот Ѓорѓе Иванов.

Комисија формирана да ги истражи собраниските настани од 24 декември, најверојатно ќе остане без претседателот Борче Давитковски, кој според информации на ДВ, денеска во 10 часот има средба кај претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

Давитковски, според македонските медиуми имал намера да поднесе оставка од функцијата поради тоа што не успеал да обезбеди мнозинска поддршка од членовите за препораките и заклучоците што ги подготви во соработка со двајцата експерти од Европската унија. Конечната одлука, Давитковски веројатно ќе ја донесе по средбата со Иванов.

Неговите препораки предвидуваат одговорноста за инцидентите да биде поделена и тоа власта да биде одговорна за исфрлањето на новинарите и пратениците од собраниската сала, а опозицијата да биде одговорна за блокирањето на работата на Собранието.

Покрај Давитковски, во Комисијата членуваат  и професорите Рената Десковска-Тренеска и Љубомир Данаилов Фрчкоски , предложени од СДСМ, и пратениците Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ

Комисијата има уште еден месец рок да донесе заклучоци, но со оглед на фактот што остана без претседател, најверојатно ќе биде предложена пауза од 10 дена, во кои би требало да се консолидира.

Поврзана содржина