1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Г8 ќе соработува со Кина и Индија

На самитот на групата Г8 во Хајлигендам германското претседателство постигна прв успех.

default

Владимир Путин, Ангела Меркел и Џорџ Буш

На канцеларката Ангела Меркел имено и‘ појде од рака да ги увери останатитре седуммина државници во неопходноста од потесно поврзување на земјите во развој во силен економски подем.

Преку согласноста на лидерите на Г8 за поинтензивно координирање на напорите со земјите во развој како Индија, Кина, Бразил, Мексико и Јужна Африка – е ставен во погон “процесот од Хајлигендам“. Според договорот, во наредните две години најразвиените земји ќе дискутираат со индустриските сили во подем за клучните теми како слободата на инвестирање, заштитата на интелектуалната сопственост, развојната помош и природните богатства. Ова меѓутоа во никој случај не треба да се толкува како своевидно проширување на Групата 7 јанравиени земји и Русија со нови членки, нагласуваат извори блиски до канцеларката Ангела Меркел.

Што се однесува до втората голема и важна тема, заштитата на климата, британскиот премиер Тони Блер денеска и‘ даде поддршка на позицијата на Ангела Меркел. Тој по индивудалниот разговор со претседателот Џорџ Буш порача дека гледа поместување на американската позиција по ова прашање. “Постои волја за изнаоѓање заедничко решение“ порача Тони Блер.

Џорџ Буш пак изјави:

“САД активно ќе се вклучат и дури ќе ја преземат водечката улога во договорите за договор по оној од Кјото. Ние имаме улога на мост меѓу народите до Европа и другите како Кина и Индија. Ако сакаме да ги вклучиме во спогодбите, тогаш мораме да им овозможиме да постават заедно со нас заедничка цел“ - порача американскиот претседател.

Буш, но и јапонскиот премиер Шинзо Абе до сега се противеа на одредување конкретни и обврзувачки цели на полето на намалување на штетните издудвни гасови кои се одговорни за затоплувањето на климата. Оваа тема ќе се најде на днев ниот ред на попладневната работна седница на осумте шефови на држави и влади во Хајлигендам.

Таму пак денеска на еколошката организација гринпис и‘ појде од рака да ги надитри патролите и да навлезе со повеќе гумени чамци во забранетата зона околу хотелскиот комплекс каде што се одржува самитот. Спроед наводи на оваа меѓународна организација нејзините активисти сакале да им предадат на лидерите на Г8 петиција со барање за зголемен ангажман за светската клима.