1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Г8-хармонија под палми

Иницијативата на американскиот претседател Џорџ Буш за Блискиот исток и поширокиот регион и цените на нафтата беа главните теми на вториот ден на средбата на земјите од Г8

default

Најважните индустриски држави во светот и Русија го продолжуваат самитот во Си Ајленд во САД.

Атмосферата во Си Ајленд е поопуштена,за што придонесе посебно последното едногласно изгласување на новата резолуција за Ирак во Советот за безбедност на ОН кога се надминаа кавгите меѓу западните земји.Самитот треба да значи хармонија под палмите,според желбите на американскиот претседател Џорџ Буш,и мирно да им се посвети на стопанските теми.

Но,иницијативата на Буш за Блискиот исток и за реформите на политички и стопански план во овој регион од страна на арапските земји,кои исто така беа повикани на самитот, е означена како мешање во нивните работи.Проектот, иако генерално беше поздравен, на самитот предизвика контраверзни дискусии.Германскиот канцелар Герхард Шредер предупреди јасно за што станува збор:

-Американскиот претседател изричито се заблагодари за залагањето на германското министерство за надворешни работи,кое исто така покренува и поздравува вакви иницијативи,но западот не треба да прави грешка и да ги октроира своите претстави за внатрешно општествениот развој.Демократизацијата на опшествата на земјите од овој регион треба да произлезе одвнатре,за што во меѓувреме постои и согласност,подвлече Шредер.

Критички беа пресретнати и настојувањата на Буш за преземање од НАТО поголем ангажман во Ирак.И овде германскиот канцелар Шредер покажа воздржаност,инсистирајќи на поголем број договори на германската економија за обновата на Ирак.Сличен беше ставот и на францускиот претседател Жак Ширак.

Немаше јасно единство ниту по прашањета за отпишувањата на долговите за Ирак.Конкретни бројки не беа ни споменати.Компромисот гласи сето да се продискутира и испегла во Парискиот клуб на доверителите.

Но во целина на Си Ајленд сепак владее добра атмосфера.Средбата меѓу канцеларот Шредер и претседателот Буш беше посрдечна од било кога во изминатава година.Шредер со оценка:

-Постои во целост суштински ориентирана ,добра и пријателска атмосфера на самитот во дискусиите.

Шредер исто така го покрена прашањето и се зазеде и за поповолни цени на нафтата.Тој сегашните високи цени им ги пропишува во голем дел на шпекулациите на пазарот на нафтата и бара поголема транспарентност.

Денеска на последниот ден од самитот на Г8 на дневен ред е политиката на развојот,при што ќе бидат разгледани и предлозите за пролонгирање на долговите на најсиромашните земји во светот.