1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Г8 се фокусира и на социјалата

Германското претседателство со ЕУ сака социјалната сигурност насекаде во светот да стане составен дел на идната политика на седумте најразвиени индустриски земји и Русија.Економијата,екологијата и социјалата мора да бидат избалансирани, стои во излагањето на германскиот министер за труд Франц Минтеферинг на средбата со неговите колеги по функција од Г8 која се одржува до 8 мај во Дрезден.

Министрите за труд од Г8

Министрите за труд од Г8

Глобализацијата,социјално вообличена,ќе донесе просперитет,ќе биде прифатена и со тоа мировно ориентирана.

Германскиот министер за труд Франц Минтеферинг синоќа ја подвлече одговорноста на претприемачите и нужноста од социјални минимални стандарди:

„Германија и ние во Г8 мора да знаеме дека луѓето треба да согледаат оти економијата е за нив,дека тие можат да живеат од работата.Тие мора да знаат дека ние,Г8,но и САД на пример,размислуваме како луѓето можат да добијат фер,минимална плата дали регулирана преку тарифни договори или со закон“, рече Минтеферинг,додавајќи:

„Ние мораме да го прошириме овој аспект во светот:социјалата е силна движечка економска сила.“

Тој аргументираше дека социјалната заштита во земјите во развој е едно од најургентните прашања на социјалниот развој.Во моментов само 20 проценти од луѓето во светот имаат добра или барем задоволителна социјална заштита.

Стандардите за минимално социјално осигурување,како на пример оние пропишани од Меѓународната организација за труд,ИЛО,се основа за дибра работа во цел свет,смета Минтеферинг.

Организацијата Атак,која е критички настроена кон глобализацијата на германскиот министер за труд му префрли дека ги разубавува разботите.Иако во Дрезден станува збор за социјалната димензија на глобализацијата,„фактички, германската влада врши разградување на социјалните стандарди,не само во земјата,туку и во светот.Дали во Г8 или во ЕУ германската влада учествува во неолибералното глобализирање во интерес на концерните,“ се вели во соопштението за печат кое го издаде Атак.