1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Г8 - позитивен биланс на германското претседателство

Самитот во Хајлигендам беше врв на германското претседателствување со Г8. Што остана од заклучоците, што беа донесени во Хајлигендам? Што е она што ги поврзаува самитот за климата на Бали и самитот на Г8 во Хајлигендам?

default

Путин, Меркел и Буш на самитот во Хајлигендам

Помина половина година по самитот на Г8 во Хајлигендам. Денес, во живописното градче на брегот на Балтичкото море ништо повеќе не потсеќа на најголемиот полициски ангажман во историјата на Сојузна Германија. И оградата долга 12 километри, околу која се кршеа копјата веќе одамна е демонтирана. Но пред неколку денови Хајлигендам повторно беше присутен во јавноста, во ликот на индонезискиот остров Бали, на 14.000 километри оддалеченост од него. Имено светската климатска конференција што се одржи среде Индискот океан, беше проба за она што месеци претходно беше договорено на брегот на Балтичкото море.

Хајлигендам поттик за конференцијата на Бали

Бернд Пфафнебах одговорниот во германската влада за Г8 самитот

„Во Хајлигендам е дадеден поттик, за она што се одржа на Бали каде навистина се тргна по многу важни навистина важни патишта. Претходно немаше консензус за патот, кој треба да го оди меѓунардона политка за климата, и за тоа сега станува збор на Бали. Таму се’ се постави на шините.“

Во Хајлигендам Ангела Меркел успеа да го придвижи американскиот претседател Џорџ Буш кон позиција на компромис по прашањето за заштита на климата.

Потребна е соработка со земјите со брз развој

Друга голема тема беше соработката со така наречените земји во брз развој. Еден ден од самитот, на масата во конференциската сала на хотелот седнаа и претседателите на Јужна Африка, Мексико, Бразил, Кина и Индија. И во овој случај важеше она што германското претседателство го формулираше како „Пораст и одговорност“

Имено за групата осум е јасно: Предизвикот на глобализиацијата може да се достигне само заеднички со овие земји „Потикнати од самитот во Хајлигендам почнавме еден така наречен Хајлигендам – процес. Тоа е процес на дискусија, што ќе трае околу две години, а во него учествуваат претставници на овие земји и на Г8 државите. Ќе се разгледуваат темите економски релеванти како за земјите во пораст така и за земјите на Г8, интезивно ќе се разговара за нив и ќе се поднесуваат извештаи до Г8 државите.“

Овој дијалог треба да продолжи како под јапонското претседателство со Г8 во 2008 така и под водство на Италија во 2009 година.

Континуитет во соработката со африканските држави

Прво во Хајлигендам беше подговтвен пакет помош од 60 милијарди долари за борба против сидата, маларијата и туберкулозата. Од друга страна постои интерес да им се помогне на африканските земји да ја засилат сопствената економија.

Притоа се положува на приветни инвеститори

„Мора да ни успее, да ги привлечеме инвеститорите во Африка и затоа направивме и сами промоција: на примери „Африка инвестмент деј“ на франкфуртската берза. Спроведовме и конференција за сировини – се во рамките на претседателството со Г8. Постојано стануваше збор за истата тема. Како можеме да го разбудиме интересот за инвестиции, приватни инвестиции во Африка.“

Севкупно германското претседателство со Г8 извлекува позитивен биланс. Ова важи и за напорите околу повеќе транспарентност на меѓунардоните финансиски пазари. По воздржаноста од страна на Британците и Американците во меѓувреме може да се почувствува придвижување по ова прашање. Со оглед на моменталната криза на финасиските пазари сега се работи на предлогот на Германија за доброволниот кодекс на однесување во однос на крајно шпекулативните Хеџ Фоднови.