1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Г8 министри - Потсдам

Министрите за надворешни работи на Групата Г8 не постигнаа согласност околу отворените меѓународни прашања. Меѓу другите останува и спорот меѓу западните земји и Русија околу идниот статус на Косово. Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров нагласи дека решение може да се најде само по пат на директни преговори меѓу Албанците и Србите на Косово. Останатите членки на Г8 напротив се залагаа за решение на Советот за безбедност на ОН.

За денеска во Њујорк е закажана нова консултативна седница на Советот, на која САД ќе им поделат на амбасадорите на земјите членки нов предлог резолуција за Косово. Дипломат на Светската организација посочи дека не станува збор за гласање, туку само за запознавање на амбасадорите во Советот со предложените измени.