1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Г8 Министри за екологија Потсдам

Министрите за екологија на групата Г8 денеска во Потсдам ги почнаа разговорите околу подобрата заштита на климата со нивните колеги од Кина, Индија, Мексико, Бразил и Јужна Африка. На средбата главна тема се натамошните напори за намалување на испуштањето гасови во атмосферата што доведуваат до затоплување и промени на климата. При тоа учесниците се обидуваат во меѓународните спогодби да ги вклучат и САД и Австралија. Официјален Вашингтон, меѓутоа уште спроти средбата најави дека нема да се впушта во какви и да е обврзувачки договори на овој план. На вчерашниот прв ден од средбата во Потсдам, министрите ги разгледуваат мерките во борбата против изумирањето на растителните и животински видови на планетата.