1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Г8- алтернативен самит

*

Паралелно со самитот на Г8 во Хајлигендам, денеска во Росток Германија, започнува и алтернативен самит на критичарите на глобализацијата. Учесниците ги повикаа земјите членки на Г8 на нов начин во борбата против сиромаштијата во светот и предупредија на се поголемата сиромаштија и глад која владее во Африка. Покрај оваа тема во Росток ќе се расправа и за климатските промени и војните во светот. Меѓу преставниците на 40 организации, се мрежата Атак, еколошката организација Бунд, како и синдикалните организации Верди и ИГ метал.