1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Г7 заеднички за излез од финансиската криза

Водечките индустриски земји се подготвени на заеднички настап за стабилизирање на меѓународните финансиски пазари, а се загрижени поради претераното варирање на курсот на јапонскиот јен. Јапонија најави помош за банките.

default

Министрите за финансии од Г7

Министрите за финансии и шефовите на Централните банки од Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада и САД се договорија за заеднички акции за стабилизирање на светските финансиски пазари. Во соопштението што денеска го објавија земјите од Г7, стои дека тие многу внимателно ќе ја следат состојбата и ќе соработуваат на соодветен начин заради остварување на заедничкиот интерес од силен и стабилен меѓународен финансиски ситем.

Истовремено, критикувано е големото варирање на вредноста на јапонскиот јен, што носи проблеми во светски размери за пазарите и за економијата. Јенот во петокот достигна рекордна вредност во однос на доларот и еврото. Еден долар повремено чинеше околу 90 јена. По соопштението на Г7, јенот денеска малку загуби на вредноста.

Der Japanische Ministerpräsident Taro Aso

Јапонскиот премиер Таро Асо

Јапонската влада најави помош за банките

Јапонскиот премиер Таро Асо утрово најави нови мерки за поддршка на погодените пазари во неговата земја. Владата ќе пумпа капитал во банките и истовремено ќе ги ограничува проблематичните, шпекулативни тргувања, најави Тасо. Со нив трговците на берзите постигнуваат профит при падот на курсовите. Колкав обем ќе има новата финансиска инјекција, премиерот не соопшти. Јапонскиот министер за економија Каору Јосано вчера спомена околу 85 милијарди евра, односно 10 илјади милијарди јени.

BdT Japan Markt Börse

Пад на јапонската берза

Во Токио берзата утрово достигна најниско ниво во последните 26 години. Јапонскиот индекс на ации, Никеи загуби 4,76 проценти и достигна 7 285 поени. И покрај заедничката заложба на земјите од Г7 за стабилизирање на јенот, кај инвеститорите очигледно доминира загриженоста од претстојна рецесија.




DW.COM