1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Г20 - одложено решавањето на најгорливите проблеми

Во Сеул е постигнат е договор за построга контрола на банките и за реформа на ММФ, но сепак решавањето на споровите за нерамнотежата во светската трговија и трката за намалување на вредноста на валутите е одложено.

default

Групна фотографија на лидерите на земјите од Г20

Во јужнокорејскиот главен град Сеул изутрината (12.11.10) заврши Самитот на Групата на 20 најразвиени индустриски земји и држави во економски подем со објавувањето на заедничката завршна декларација, во која беа истакнати најважните резултати од средбата. Во Сеул беше усвоен т.н Базел 3-договор, според кој во иднина ризичните зделки ќе ги чинат банките поскапо, а исто така беше одобрена и историската реформа на Меѓународниот монетарен фонд, со која ќе се овозможи поголемо влијание во глобалната економија на земјите во стопански подем, како Индија, Кина и Бразил, но и од нив ќе се очекува да преземат поголема одговорност во случај на кризи.

Голема поддршка за слободната трговија

Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна од исходот на Самитот на Г20, во Сеул. Таа утрината изјави дека е најважно што Г20 по кризниот менаџмент почна да се насочува кон иднината. Германската канцеларка уште истакна дека кај Г20 гледа растечка подготвеност за економско-политичка соработка. Тоа е најважната порака што ќе биде пренесена и на француското претседателство со Г20, кое започнува веднаш со завршувањето на Самитот

Angela Merkel G20

Германската канцеларка Меркел извлече позитивен биланс од самитот во Сеул

во Сеул. Но, на француското претседателство ќе му биде пренесена и задачата за решавање на најгорливите проблеми, кое на Самитот во Сеул беше одложено.

Инаку, уште во текот на вчерашниот ден Кина и Германија успеаја да издржат пред притисокот на САД, кои бараа ограничување на трговскиот суфицит на овие земји, што пак не наиде на мнозинска поддршка кај учесниците на Самитот.

Канцеларката денеска истакна дека дискусијата за слободната трговија на Самитот во Сеул добила важен рејтинг:

„Јас јасно укажав дека за нас е важно, и за тоа добив голема поддршка, да имаме слободна трговија во светот, да немаме никаков протекционизам, зашто на овој начин за Германија и во Германија можат да се отворат многу работни места. Но, тоа исто така важи и за другите земји“, рече Меркел.

Победил духот на заедништвото

Меѓу формите на протекционизам, за кои наголемо се спореше на Самитот, беше и намалувањето на вредноста на националните валутите за подобрување на конкурентноста на сопствените економии. На крајот, во завршната декларација, земјите од Г20 се обврзаа дека

Dossierbild Symbolbild G20-Gipfel in Seoul Südkorea 2 von 3

нема да го прават тоа, со што привремено е ублажена опасноста од т.н војна на валутите. Американскиот претседател Барак Обама порача дека Г20 мора да продолжат со напорите за надминување на спорните теми за трговската нерамнотежа и вредноста на валутите. Тој, сепак, изрази задоволство од исходот на средбата во Сеул:

„Тука, во Сеул, прашањето беше дали нашите земји можат да работат заедно за да се одржи растот на глобалната економија. Знам дека медиумските извештаи тежнеат да се фокусираат на областите на несогласување, но факт е дека 20-те главни економии собрани тука постигнаа широка согласност за тоа како да се оди напред“, рече Обама.

И канцеларката Меркел го истакна фактот дека и покрај честопати мачните и тешки преговори, сепак, на крајот, победил духот на заедништво:

„Сметам дека кај тешките прашања за кои требаше да преговараме е нормално претходно да се водат критички и контроверзни дискусии, но секој Самит на Г20 досега покажа дека шефовите на држави и влади на крајот сносат одговорност и знаат дека сигналите до луѓето во светот за работни места и благосостојба се неопходни, и на тој начин тука успеавме да најдеме компромиси“, истакна Меркел.

Автор: СН/АТ/дпа/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM