1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Г20: Обединети против даночните трикови на големите концерни

Министрите за финансии и шефовите на централните банки на земјите од Групата 20 викендов (22/23.02) во Синдеј разговараат за стратегиите против даночните трикови на големите конценри.

„Каде што се заработуваат пари, се плаќа и данок“, оценува австралискиот министер за финансии Џо Хоки. Неговиот американски колега Џејкоб Лу аргументира: „Офшор-затајувањето данок ја поткопува довербата во нашиот даночен систем и на САД и‘ ги краде неопходните приходи за заштита на граѓаните“. Двете држави меѓу себе договорија поголема билатерална размена на податоци. „Автоматската размена на податоци стана светски стандард“, вели Лу и додава дека сите земји на Г20 треба да ги прифатат тие стандарди. Конкретни мерки дваесетте најважни индустриски држави и земји во забрзан подем треба да донесат најдоцна на самитот во Бризбејн, во ноември.

На средбата во Сиднеј викендов треба да се разговара и за најновите трубуленции на финансиските пазари на земјите во збарзан подем. Според нивното гледање на работите, за тоа е одговорна монетарната политика на САД, која веќе не толку лабава. Индустриските земји, меѓутоа, смеаат дека за економските проблеми на земјите во забрзан подем се виновни самите тие и дека за да се решат нивните структурни проблеми треба да бидат спроведени реформи.