1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Г20: Апел и предупредување

„Да“ за порастот и против протекционизам е пораката која ја испратија учесниците на самитот на Г20 во мексиканскиот Лос Кабос. Проблемите во еврозоната се наметнаа како главна тема на самитот.

Кристин Лагард, шефицата на Меѓународниот монетарен фонд беше задоволна од ветувањата за финансиска поддршка, кои не се експлицитно дадени за да бидат искористени во еврозоната, но би можеле да бидат искористени за да се зајакнат европските земји кои се силно погодени од кризата. Средствата на ММФ за справување со кризи ќе бидат зголемени за 456 милијарди американски долари. Во завршната декларација европските земји дадоа уверување дека „ќе ги преземат сите неопходни мерки, за да се заштитат стабилноста и интегритетот на регионот“ и финансиските пазари да се одржат функционални.

Barack Obama

Претседателот на САД Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама најде и пофални зборови за Европејците: „Нема сомнеж дека сите земји во Европа препознаваат, дека се неопходни стратегии за пораст кои треба да се спроведат со финансиско-политичките планови за консолидирање“.

Да се создадат услови за пораст и истовремено да се консолидираат државните финансии - тоа е рецептот кој би морал да важи и за САД, вели Обама самокритички. Тој изрази уверување дека Европејците ќе ја решат кризата, конечно еврозоната е една од најпродуктивните во светот.

Државите на Г20 не можеа да најдат согласност околу заедничка стратегија за европската должничка криза. САД притискаат за брзо решение, ако е потребно и со финансиски инјекции од милијарди евра, додека во Европа има отпор, пред се‘ од страна на Германија.

Поддршка од Европејците

Los Cabos G20 David Cameron

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Канцеларката Ангела Меркел ја отфрла критиката за нејзиниот курс за стабилност на еврото. Спасот на еврото, и со тоа и стабилноста на светската економија, ќе се решава на друго место. Поддршка во Лос Кабос Меркел доби од британскиот премиер Дејвид Камерон: „Сметам дека е погрешно сите проблеми во еврозоната да се натоварат на грбот на една членка“, рече Камерон.

Тој е задоволен со резултатот од самитот на Г20 и тоа што Европејците се заложија за принципот, силните земји да ги поддржат послабите на периферијата. Позитивни тонови доаѓаат и од новиот француски претседател: „Госпоѓа Меркел и јас сме единствени дека Европа мора да ги најде сопствениот одговор и дека овој одговор не треба да дојде однадвор“, рече Франсоа Оланд.

merkel los cabos

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел, од своја страна, порача дека пораката од Лос Кабос е оти Европејците стојат зад својата валута:

„Кога велам повеќе Европа, тогаш зборувавме на пример за европска институција, која би можела да отелотворува тело за надзор на банките, за повеќе мерки за пораст, усвојување на правила, кои ќе предвидуваат исти стандарди за реструктуирање на банките“.

Џон Киртон од научната група Г20 од универзитетот во Торонто, во Канада, оцени дека самитот беше успешен: „Лидерите на Г20 го прифатија предизвикот за еврокризата и поттикнаа конкретни, брзи и детални чекори, кои беа итно неопходни“. Кон ова се вбројува пред се’формирањето на една банкарска унија, значи создавање на систем ширум Европа за да се регулираат банките и да имаат надзор. Детали ги очекува од самитот на ЕУ на крајот на месецов. Дотогаш земјите на еврото имаат време за здивнат.

Групата 20 на самитот во Лос Кабос постигна согласност само за Акционен план за пораст и работа, без да го допира курсот на санација на буџетите. Во завршното коминике земјите на Г20 бараат зголемување на продизводството на прехранбени намирници до 2050 година за 50 до 70 проценти, поради зголемувањето на бројот на населението во светот.