1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Г-8 Министри за финансии

Двете главни теми на дводневната средба на министрите за финансии на седумте водечки индустриски земји и Русија, односно на Групата 8 беа: зачувување на Африка од нови задолжувања и подобра подготовка на финансиските пазари за ризиците од таканаречените хеџ-фондови.

Глобално министрите за финансии на Г-8 задоволни

Глобално министрите за финансии на Г-8 задоволни

Темата хеџ-фондови на дневен ред ја постави германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик уште пред три месеци на средбата во Есен. Иницијативата на Штајнбрик е насочена кон поголема транспаретност и навремено откривање на можните проблеми со широки последици. Зашто ако таков фонд се најде во турбленции, тоа може да предизвика светска финансика криза. Тим експери затоа подготви предлози како може да се минимизира таквиот ризк, а министрите се согласија за нивно спроведување. За Штајнбрик многу важен напредок:

„Постои растечки интерес во самата бранша за разгледување на ова прашање: како да се постигне поголема транспаретност за бизнис партнерите, а акционерите да имаат поголема заштита и да се спречи она што никој не го сака: потенцијални системски ризици кои вистина можат да се појават. Мислам дека резултатот е добар„.

Чекор напред е направен и во втората важна тема: усвоениот акционен план со кој се предвидува на африканските држави да им се помогне во изградбата на даночни системи и помош на централните банки. На тој начин треба да се обезбеди приходите од извозот на суровини да се влеваат во разумен финансиски ситем, без да се појават нови долгови кога парите би се нашле во погрешни раце. Така мисли и министерот за финансии на Гана, Квадо Ба-Виреду, но пред се бара да бидат остварени ветувањата од минатото:

„Со години добиваме голем број ветувања. Мислиме дека тие ветувања треба да бидат одржани. Ако го доведеме во ред својот дом, тогаш земјите во развој можат да ги решат своите проблеми за кои зборуваме, посебно во изградбата на инфраструктура. Ние имаме планови. Ако ни помогнете, ќе тргнеме напред„.

Групата 8 усвои втор акционен план. Тој предвидува на земјите во развој во кои економијата оди напред, да им се помогне во изградбата на локалните берзи. На тој начин би биле понезависни од странските валути и подобро подготвени за финансиските кризи.

Скоро на маргините, министрите ја спомнаа добрата состојба на светското стопанство. Во моментов е многу робустно, па ризиците во глобала се намалени. Меѓутоа, бидејќи енергијата и суровините остануваат скапи, мора да се внимава.