1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Г-8 - министри за финансии

Седумте водечки индустриски земји и Русија, според изјавата на германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик, ги приближиле ставовите околу шпекулативните хеџ-фондови. По дводневната средба со неговите колеги од Групата 8, Штајнбрик во Потсдам изјави дека оваа бранша самата треба да подготви кодекс што ќе го контролира. Освен тоа, министрите усвоија акциона финансиска програма за Африка. Средбата беше одржана во рамките на подготовките на самитот на Г-8 во почетокот на јуни во Хајлигендам.