1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Г-8 министри за надворешни работи

Министрите за надворешни работи на седумте водечки индустриски земји и Русија, денеска во Потсдам се сретнаа на последните подготовки за самитот на Групата 8 во Хајлигендам. На дневен ред се теми во дијапазон од меѓународните кризи до заштитата на климата. На дел од средбата ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Авганистан и Пакистан, Рангин Спанта и Куршид Касури. Обете страни меѓусебно се обвинуваат дека не преземаат доволно мерки во битката против повторно засилените Талибанци. Намера на министрите на Г-8 е да посредуваат, зашто поради спорот се загрозени и мировните сили предводени од НАТО. Во меѓувреме, Хајлигендам, местото на одржувањето на самитот во наредната недела е херметички затворено од надворешниот свет. Вечер во Берлин средба ќе одржи и таканаречениот блискоисточен квартет.