1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Г-8 забрана за демонстрации

За време на самитот на Групата 8 во Хајлигендам, во почетокот на јуни, околу местото на одржувањето, како и за аердормот во Росток важи забрана за одржување демонстрации. Според информациите на одговорната полициска дирекција, забраната ќе важи од 30 мај до 8 јуни кога завршува самитот. Државниот секретар во сојузното министерство за внатрешни работи Аугуст Ханинг ја оправда мерка. Како домаќин постои обврската за грижа за безбедноста на гостите. Сепак, ќе бидат дозволени собири што можат да ги критикуваат самитот и одредени аспекти на глобализацијата.