1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Гњидиќ: “Македонската полиција сепак вмешана во случајот Ел Масри“

Интервју со Манфред Гњидиќ, адвокат на Калед ел Масри. Интервјуто го водеше Нада Штајнман.

Калед ел Масри

Калед ел Масри

Г-дине Гњидиќ од каде сте по потекло и зошто го презедовте случајот Ел Масри?

Манфред Гњидиќ : По татко сум Хрват, по мајка Германец. Се заинтересирав за случајот затоа што сум адвокат и затоа што мојот мандант од мене побара правна помош.

Дали има некаква врска тоа што вашиот мандант ве избрал токму вас затоа што бил уапсен во Македонија, и затоа што тоа се случва на Балканот?

Не, едноставно мојот мандант ми се јави, и ми ја раскажа приказната. Ме замоли за помош, затоа што не можеше да сфати, зошто половина година бил оттргнат од неговиот живот. На почетокот не можев да поверувам дека тоа се случило и почнав да ги собирам доказите. Кога го видов печатот во неговиот пасош морав да верувам дека тоа на некој начин навистина се случило. Почнав да истражувам и дојдов до заклучок дека навистина половина година бил оттргнат од неговиот живот и моја задача беше да му помогнам да го остварти своето право.

Официјалната информација гласи дека Ел Масри сакал да оди на одмор, затоа што се скарал со својата сопруга и се одлучил да ја посети рајската земја Македонија?

Да, навистина било така дека брачната двојка Ел Масри имала проблеми, и тој се упатил во правец на Македонија, откако претходно во Авто Мото Сојузот на Германија се информирал за тоа во која земја цените се пристојни, затоа што Ел Масри нема многу пари. Добил информација дека животот во Македонија е прилично ефтин, а тој исто така сакал да оди во една Источно – Европска земја врз која Ориентот оставил траги, затоа што тој по потекло е од Либан. За патот до и од Македонија платил само 120 евра.

Тој беше уапсен. Дали никако неможел да објасни дека не е тој за кого го сметале? Дали полицијата воопшто не му дала можност да се изјасни? Дали биле македонски полицајци?

Да, на почетокот била македонската тајна полиција. На некој начин постапката била свесно спроведена и намерно бил држен во затвор. Тоа се токму прашањата што јас и ги поставувам на македонската влада. Потоа тој бил однесен во Скопје во хотел. Немал никаков контакт со семејството, ниту со преведувач, а стрикно му било забрането да воспостави контакт со конзулат или амбасади, а делумно и со употреба на оружје.

Велите дека сте ги контактирале македонските власти?

Минатата година веќе им напишав писмо, преку амбасадата во Берлин, и освен потврдата од пошта дека писмото е испратено, од македонската влада нема никаква потврда ниту реакција. Откако собрав доволно материјал да се потврди обвинението се подготвувам сега директно да се обратам до македонската влада, и деновиве да им испратам писмо.

Досега против кого поведовте судски процес?

Правни чекори досега се преземени против САД. Поднесовме тужба. Се обратив до македонската влада преку амбасадата, а секако и се обратив на германската влада.

Весниците пишуваат дека имате обвинение против ЦИА, дали планирате и против македонската полиција да поднесете тужба?

Најпрвин чекам одговор на писмото, а ако нема одговор секако не исклучувам дека ќе се поднесе тужба.

Имате ли одговор од Америка?

Преку организацијата за човекови права од Њујорк ја доставивме тужбата. Знаеме дека е доставена до Џорџ Тенет, дека е доставена до вмешаните авионски компании. Се собираат докази.

Да се вратиме на случајот. Ел Масри 23 дена бил во Македонија мачен и понижуван. Кажува ли тој, кој се крие зад тоа? Дали е тоа македонската полицјиа?

Тој вели дека од 31 декември 2003 бил во притвор. На почетокот биле само Македонци. 23 дена го држеле во притвор во хотел во близина на американската амбасада. На 23 јануари односно неколку дена пред тоа му било објаснето дека случајот не е веќе во надлежност на Македонија и тој ќе биде префрлен во Германија. Бил одведен на аеродромот во Скопје, од каде, не како што било речено, бил сместен во авион за Германија туку таму непријателски бил пречекан од Американците.

Се вели дека многу луѓе од земјите на Ориентот исто така и од земјата од која потекнува Ел Масри, се движат низ Балканот, а се поврзани со тајни организации односно припаѓаат на терористички организации. Дали Ел Масри е сосема чист? Дали тој не и припаѓа на некоја организација?

Ова може да го потврдиме, затоа што е двапати проверено. Од една страна тој ниту од страна на тајната полиција во Македонија, ниту пак од Американците за време на престојот во Авганистан тој бил некогаш обвинет за казнено дело. Тие од него само барале информации. Сакав да знам дали постои сомневање и се обратив до истражните органи во Минхен, кои имаат многу информации за исламистичките тенденции, и од таму имам писмена потврда дека против мојот мандант апсолутно не постои никакво обвинение. Тоа беше предмет на испитување како во Македонија и во Авганистан, зашто таму немало конретни обвиненија туку тој исклучиво бил испрашуван за трети лица.

По Авганистан Ел Масри бил испратен во Албанија. Зошто токму таму?

Тој немал никакво влијание врз тоа и бил многу среќен што е воопшто во Европа. Зошто во Албанија?, за тоа прашајте ја американската влада. Германскиот преведувач објаснил дека Ел Масри нема да се врати директно во Сојузна Република Германија, затоа што Американците сакале да ги прикријат трагите, дека нема да биде во центарот на Европа туку некаде во планини. Кога се нашол во планините сфатил дека е во Албанија.

Како се чувствува Ел Масри денеска? Дали е тој здрав?

Ел Масри е трауматизирана личност. Се обидува да го оддржи семејството, но искуствата од половина година мачење и од необјаснето грабнување оставило траги. Приказната исто така го направи толку популарен, така што тој веќе неможе слободно да се движи. Тој долго не ќе може да го премости ова искуство.

Дали во меѓувреме успеавте да дознаете, кој е вистински бараниот Ел Масри?

Не се работи за замена на личност. Тоа е мое цврсто убедување, туку токму него сакале да го уапсат. Постојано се говореше за некаква замена. Личноста што е наведена во еден репорт и го носи истото име, за тоа Ел Масри не бил прашуван. 75 проценти од прашањата биле насочени на сцената во Ној Улм. Изненадува и тоа што нема парлалелна биографија за некоја друга личност, а имало многу детални познавања за животот на Ел Масри, веќе и во Македонија и тој бил прашуван само за неговиот живот, така да нема замена.

Пасошот на Калед ел Масри е проверен и она што е посебно изненадување – кога тој бил уапсен во Македонија, за исправноста на пасошот можело многу бргу да се добие информација во Германската амбасада во Скопје. Во секоја амбасада на СР Германија има специјалисти, кои за само неколку минути може да го проверат документот и неговата автентичност. Тоа не е направено. Тоа би требало да се направи што во случај на евентуална замена на личност навистина би имало успех. Тоа е уште една индиција за тоа дека токму Калед ел Масри требало да биде фатен. Се знаеше дека тој доаѓал повремено токму во Мулти-култи куќата во Ној Улм,. Доколку постои некакво сомневање кое до денеска не е расчистено, во насока дека е тој екстремист. Инаку, тој бил интензивно распрашуван за луеѓто кои се движеле во Мулти-култи куќата. Тие не би го правеле тоа со некој Калед ел Масри што не е од Ној Улм.

Поврзана содржина