1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Густав“ попушти, но не и опасноста

Ураганот „Густав“ кој предизвика голема штета на Куба, на пат кон мексиканскиот залив малку попушти и спадна на ураган од трета категорија. Но,опасноста не е намалена. Евакуацијата во САД продолжува.

default

Сателитска снимка на ураганот „Густав“ над Мексиканскиот залив

Ураганот „Густав“ спадна на ураган од трета категорија иако претходно достигна достигна брзина од 230 километри на час. И покрај ова властите во американските крајбрежни држави продолжуваат со планот за евакуација. Според метереолозите се уште постои опасност ураганот повторно да се засили и да ја достигне највисоката петта категорија што би значело дека ветрот ќе дува над 250 километри на час. Се очекува „Густав“ в понеделник да удри на американското крајбрежје, да донесе и до 30 сантиметри дожд на метар квадратен и бранови во висина од пет до девет метри.

Продолжува евакуацијата на Њу Орлеанс

Einwohner von New Orleans flüchten vor Hurricane Gustav

Голем број луѓе го напуштаат Њу Орлеанс пред налетот на ураганот

Во страв да не се се повтори катастрофата од 2005 година кога ураганот „Катрина“ речиси го разори Њу Орлеанс, градоначалникот Реј Нагин објави обврзна евакуација на населението.

„Ова е мајка на сите урагани, овој ураган е толку силен како што не сме виделе до сега. Ова е ураган на столетието. Ве молам сите да го сфатите предупредувањето сериозно и да се започне процесот на евакуација,“ рече Нагин. Редици колони возила се регистрирани како го напуштаат градот. Голем дел од населението ги заштити своите куќи со специјални табли.

Извлечени поуки од „Катрина“

Пред три години подрачјето на државата Лујзијана и соседните американски држави беа погодени од разорниот ураган „Катрина“. При тоа настрадаа околу 1800 луѓе. Тогаш беа најмногу стари и болни коишто немаа превоз или не успеаа навреме да го напуштат градот, но имаше и многумина коишто ја потценија ситуацијата. Властите поучени од „Катрина“ сега сакаа да ги намалат штетите и евентуалните жртви. Дејвид Полсон, раководител на Бирото за заштита од катастрофа најави:

„Го сменивме пристапот од реактивен во проактивен. Стотици автобуси веќе транспортираат луѓето надвор од градот. Не можеме да ја спречиме штетата ниту да го контролираме ураганот, но можеме да сториме се за да го евакуираме населението и за да се избегне поголема трагедија, рече Полсон.

Инаку „Густав“ кој во изминативе денови беснееше над Карибите однесе околу 80 животи и предизвика огромна материјална штета.