1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Гугл со големи добивки, Мајкрософт со загуби

Американскиот интернет концерн Гугл бележи големи добивки. Наспроти тоа, софтвер-гигантот Мајкрософт бележи загуба од 492 милиони долари.

default

И покрај падот на цените за реклами, Гугл во вториот квартал од 2012 година ја зголемил својата добивка за 11 проценти и таа изнесува 2,8 милијарди долари. Според Гугл, обртот во периодот од април до јуни, во споредба со истиот период лани, се зголемил за цели 35% и знесува 12,2 милијарди долари.

Американскиот компјутерски гигант „Мајкрософт“ пак, за првпат од појавувањето на берзата, пред 26 години, има загуби во еден квартален период. Компанијата регистрира загуби од 492 милиони долари меѓу април и јуни 2012 година. За споредба, во истиот период лани таа имала заработка од 5,9 милијарди долари.

Според експертите, загубите се должат на неуспешното купување на компанијата за интернет реклама „А Квонтив“. „Мајкрософт“ ја купи компанијата во 2007 година за 6,3 милијарди долари, но зделката не донесе враќање на капиталот, како што очекуваше раководството.