1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Гугл“ се конфронтира со Пекинг

Ескалираше кавгата помеѓу интернет-концернот „Гугл“ и кинеската влада. „Гугл“ веднаш понуди нецензуриран пребарувач за Кина и со тоа, како што беше најавено, и се спротивстави на тамошната пропишана цензура за интернет.

default

„Гугл“ се спротивставува на цензурата во Кина

Уште во јануари „Гугл“ се закануваше дека ќе се повлече од кинескиот пазар, во знак на протест поради цензурата. Вчера (22.03) концернот зборовите ги спроведе на дело. Посетителите на кинеската веб-страница www.google.cn не можеа да го најдат вообичаеното прозорче за пребарување. Тоа беше блокирано, но Кинезите сепак имаа пристап до информации.

Skyline von Hong Kong

Кинескиот „Гугл“ сега е во Хонг Конг

Американскиот „Гугл“-концерн ја префрли својата кинеска веб-страница во Хонг Конг. На оние кои како и секогаш ќе кликнат на google.cn на кинески јазик, автоматски ќе им се отвори google.com.hk. Притоа hk е ознака за Хонг Конг. Овој град има посебен статус. Во него не важат строгите одрадби за цензура како во комунистичкиот копнен дел од земјата. Корисничката на интернет Рен смета дека решението на „Гугл“ е паметен шаховски потег: „Тоа е навистина паметно. На овој начин тие ќе го одржат нивниот пребарувач на кинески јазик. Така нема комплетно да го укинат.“

„Гугл“ го прекрши ветувањето

Кога во 2006 година „Гугл“ ја основа кинеската веб-страница, концернот се обврза да се потчини на кинеските правила за цензура. Тоа значи филтрирање на термини во пребарувачот, за кои цензорите сметаат дека се деликатни.

China Google in Peking und chinesische Flagge

Поранешното седиште на „Гугл“ беше во Пекинг

Пекинг веднаш реагираше на тактиката на заобиколување на „Гугл“, да ја префрли кинеската веб-страница во Хонг Конг. Среде ноќ дојде изјава. Спикерката на државната информативна телевизија ЦЦТВ ја прочита официјалната реакција: „Владата на Кина подвлекува, дека странските фирми мора да се придржуваат до кинеските закони. ’Гугл’ го прекрши своето ветување, кое го даде во писмена форма кога почнуваше на кинескиот пазар, со тоа што ги заобиколува кинеските закони за интернет. Бескомпромисно сме против политизирање на комерцијални прашања.“

Цензурираните страници се недостапни

Притоа се‘ е како порано. Тукушто „Гугл“ ја префрли својата кинеска веб-страница во Хонг Конг, веднаш беа активирани кинеските системи за филтрирање. Во Хонг Конг без проблем може да се отворат сите страници на www.google.com.hk, но Кинезите од комунистичкиот копнен дел на земјата немаат пристап до цензурираните информации на веб-страницата на „Гугл“ од Хонг Конг. Корисничката на интернет Рен се обиде, но не успеја: „Цензурираните страници не може да се отворат и преку верзијата од Хонг Конг. Ако внесете поим како плоштадот Тјенанмен, 4 јуни, Лиу Ксијаобо или Тибет, ќе добиете многу резултати, но тие страници не можат да се отворат.“

Google in China Internet

Околу 380 милиони Кинези имаат пристап до интернет

Со преместувањето на кинеска веб-страница во Хонг Конг, „Гугл“ и понатаму си обезбеди пристап до кинескиот пазар. „Гугл“ во Кина достигнува учество на пазарот од 35 проценти. На почетокот концернот се надеваше на повеќе. Сепак денес околу 380 милиони Кинези користат интернет, а нивниот број постојано расте. Кинезите и во иднина се огромна целна група за рекламирање онлајн, а со тоа се важни за „Гугл“. На кинескиот интернет се’ почести се шпекулациите дека конкурентот „Мајкрософт“, со својот пребарувач „Бинг“ на кинески јазик, сега сака да го освои кинескиот пазар во копнениот дел.

Автор: Петра Алденрат/Јасна Мушиќ Јанчулева