1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гугл во трка со Фејсбук

Гугл сака да го престигне Фејсбук. Интернет гигантот сега ја претставува својата нова мрежа Гугл+. Ова е најамбициозниот обид досега, Гугл да се приклучи кон трендот на социјалните мрежи.

default

Гугл вложува напори да ги претекне социјалните мрежи

Гугл+ се‘ уште е достапен само во една пробна верзија, а исто така и само за ограничен број на корисници. Но, интересот кај секторот на социјалните мрежи и маркетинг економијата за досега најамбициозниот обид на Гугл на полето на социјалните мрежи е енормен. Централниот елемент притоа се вика „срклс“. Со негова помош на корисниците треба да им се овозможи да разменуваат различни содржини, со различни групи или „срклс“, кои самите ги дефинираат.

Нови функции на Гугл+

Google

Гугл+ овозможува размена на информации само со одредена група луѓе

„Ние сметаме дека луѓето комуницираат на многу поразновиден начин“, напиша менаџерот на Гугл Вик Гундотра за стартувањето на новата услуга во еден прилог на еден блог. Одговорниот за социјални услуги во Гугл, кој потекнува од Индија, понатаму додава дека другите социјални мрежи им отежнуваат на корисниците да разменат информации само со одредена група луѓе. Тоа треба да се промени со „сркл“, она што е наменето за семејството не мора да го видат и колегите од работа. А оние, пак, со кои имате само заедничко хоби, на пример, не траба да читаат ништо за љубовниот живот. Кај другите социјални мрежи статусот може да го видат сите „пријатели“, без јасно разграничување. Гугл+ исто така нуди и функција за видео-четување, наречена „хенгаут“. Во исто време може да разговараат до десет членови на групата, но предуслов е да имаат соодветно брза интернет конекција. Исто така има и функција за известување на групата наречена „хадл“. Новитет е и „спаркс“, што е комбинација од пребарувач и пренесувач на материјал за озборување.

Како да се претекне Фејсбук?

Symbolbild Facebook Die Schatten von Jugendlichen mit einem Laptop

Фејсбук во 2010 година му го одзеде првото место на Гугл

По неуспешните услуги Гугл Баз и Гугл вејв, интернет гинантот прави повторен обид со Гугл+ да влезе во областа на социјалните мрежи. Тоа е итно неопходно за иднината на претпријатието од калифорнискиот град Маунтин Вју. Минатиот декември онлајн претпријатието за истражувања Експиријан Хитвајз објави податоци, кои ги загрижија менаџерите во централата на Гугл. Имено Фејсбук во 2010 година му го одзеде првото место на Гугл, на ранглистата на најпопуларните интернет страници во САД. Со 8,9 проценти од сите отворени интернет страници во САД, социјалната мрежа е значително пред гигантот пребарувач Гугл. Нему му припаднаа само 7,2 проценти. Гугл се обидува да го задржи статусот на најзначаен пристап кон интернетот. Исто така пребарувачите ја пребаруваат целата мрежа, но тие често се исклучени од страна на социјалните мрежи. Значи колку повеќе корисници се приклучуваат на мрежите, Гугл ќе има помалку материјал за полнење на неговите алгоритми. Но, уште поголема опасност за Гугл е што корисниците се‘ поретко бараат одговори од пребарувачите. Тие поставуваат прашања на социјалните мрежи и ги следат советите од нивните контакти.

Најголемата социјална мрежа Фејсбук има веќе 600 милиони членови. Според податоците од Интернешнал Харалд трибјун тие на мрежата во мај, во просек поминале 231 минута. Пред планираниот влез на берзата на Фејсбук се зборува за вредност на берзата од околу 100 милијарди долари. Тоа е поголема вредност од онаа на Дојче банк, Дојче пост и Луфтханза заедно. Околу 313 милиони акции на Гугл сега вредат околу 107 милијарди евра. Гугл засилено работи на претекнување на социјалните мрежи. Но, од концернот се‘ уште не соопштуваат кога Гугл+ ќе биде достапен за сите.

Автор: Матијас фон Хајн/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска