1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Грчки реакции на изјавите на Ди Карло

*

Соединетите Американски Држави истурија нов студен туш врз Атина во врска со спорот околу името на Македонија, оценува во денешното издание грчкиот весник „Етнос„. Весникот наведува дека американскиот заменик државен секретар Розмари ди Карло, за време на престојот во Скопје, ја отфрлила можноста од грчко вето врз зачленувањето на Македонија во НАТО. „Членството во алијансата нема никаква врска со изнаоѓањето решение за името„ ги цитира весникот зборовите на Ди Крало.