1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Грчки нокаут за домаќинот

Европското Првенство во фудбал започна со големо изненадување. Фудбалерите на Грција го совладаа фаворизираниот домаќин , Португалија со 2:1 во мечот со кој беше отворено првенството.

Експлозија на задоволство кај грчките навивачи

Експлозија на задоволство кај грчките навивачи

Добро расположение и големи надежи меѓу португалската публика ги одбележаа моментите пред и кратко по започнувањето на натпреварот во Порто , со кој беше отворено првенството.

“Португалија во финалето , Португалија го освојува купот. Португалците ќе бидат шампиони. Се надевам , но ќе биде многу тешко”-се приклучи кон надежите и португалската фудбалска легенда Еузебио .

Но студен туш уште во седмата минута.Водство на Грција по кое следува јалови напади на Португалците . Кратко по почетокот на второто полувреме уште еден гол за Грците за целосно изненадување:

“Комплименти , но нормално во прва линија за екипата -јас учествував само со совети. Од едни големи индивидуалци , тие со време прераснаа во еден вистински тим. Тоа и го видовте –кога еден за другиот трча со страст и срце” - изјави задоволно по натпреварот Ото Рехагл германскиот стручњак на кормилото на грчката репрезентација за кого велат дека придонел за дисциплината и тактичката подготвеност на традиционално пргавите Грци.

А токму дисциплинираната игра ги доведе Грците до недостижно водство од 2:0 и ги оневозможи португалците кои ја имаа иницијативата да создадат посериозни шанси. Почесниот гол го постигнаа во последните секунди од натпреварот.

Во вториот вчерашен меч истотака од групата А екипата на Шпанија беше подобра од Русија со 1:0. Денеска пак силите ќе ги одмерат бранителот на титулата Франција и силната Англија , како и Хрватска и Швајцарија.