1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грчки калуѓер приведен поради проневера

Игуменот Ефраим денеска (25.12) е приведен во манастирот Ватопед, на Света Гора. Тој е обвинет за проневера, перење пари и давање лажни искази во договорот со владата околу замена на земјиште.

default

Атос

Грчката полиција соопшти дека игуменот Ефраим е привремено под надзор во неговата монашка ќелија, а се разгледува дали да биде префрлен во затворска болница поради тоа што тврди дека има висока температура и проблеми со шеќер во крвта.

Ефраим, според обвинувањата, е замешан во договорот за замена на земјиште со државата од кој манастирот Ватопед, според проценките на истражниот

Mönch vom Kloster Athos

Манастирот Ватопед

судија, имал полза од 100 милиони евра. Тој случај имаше негативни последици врз конзервативната влада, која во Грција беше на власт од 2004 до 2009 година, а тројца министри поднесоа оставки. Целата работа функционирала вака - калуѓерот и другите монаси со документ од 14 век ја известиле државата дека им припаѓа езеро на северот од Грција. Владата потоа го разменила езерото за сопственички права врз државни недвижнини, кои на монасите им донесле огромни добивки.

Калуѓерот треба да биде изведен пред суд со уште 31 обвинет, иако политичарите вмешани во скандалот ќе го избегнат судењето, затоа што парламентот во февруари донесе одлука дека случајот застарел. Според грчките закони, роковите за застарување на делата на политичарите се значително пократки отколку за останатите граѓани.

Обвинетиот калуѓер беше приведен, па ослободен по сослушувањето, но Апелациониот суд вчера одлучи дека тој мора да биде во притвор поради опасност дека ќе избега.

Автор: ЕМФ/бета/шпигел/дапд

Редактор: Симе Недевски