1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грчки европратеник гласал за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ

Европратеникот од групата на Зелените Никос Хрисогелос е единстениот грчки европратеник кој во Стразбур гласал Македонија да ги почне преговорите со Европската унија.

Европскиот парламент во четвртокот (23.05) во Стразбур изгласа резолуција со која уште еднаш јасно се побара од Советот на Европската унија да и додели без одлагање, датум за почеток на преговорите на Република Македонија во јуни годинава. За резолуцијата предложена од Британецот Ричард Хауит, гласаа 505 европратреници, 61 беа против и 31 воздржани. Меѓу оние кои гласале за бил и грчкиот европратеник од парламентарната група на Зелените, Никос Хрисогелос,

Групата на Зелените во ЕП во четвртокот ја поддржа препораката на Европската комисија, додека во исто време сите грчки европратеници остро се спротивставија на европската перспектива на Скопје, јавуваат грчките медиуми а пренесува македонската новинска агенција МИА.

Поврзана содржина