1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Грчките учители насила вратени на работа

Грчката влада повторно се повика на вонредни мерки за да го спречи штрајкот на учителите од средните училишта во земјата. Ова е третпат годинава преку вонредни мерки да се спречува штрајк.

Грчките јавни службеници ги напуштија работните места денеска (14.05) во знак на солидарност со наставниците од средното образование, откако владата ги искористи вонредните мерки кои и‘ стојат на располагање за да ги принуди да се вратат на работните места.

Училиштата низ државата се затворени, а јавните услуги се одвиваат со проблеми. Владата во понеделникот (13.05) одлучи да ги искористи вонредните мерки за да принуди околу 90 илјади учители да се вратат на работа во обид да ги спречи да ја оневозможат нормалната подготовка за испитите за прием на факултетите.

Синдикатот на наставниците планираше да одржи континуирани штрајкови почнувајќи од 17. мај во знак на протест против намалувањето на платите и продолжувањето на работното време.

Ова е трет пат годинава како грчката влада одлучува да ја примени мерката за присилна граѓанска мобилизација, која вообичаено е предвидена за природни катастрофи и поголеми национални кризи, за да спречи штрајк. Претходно на ист начин беше прекинат и штрајкот на вработените во поморската служба како и во метро-сервисот во Атина.

Владата соопшти дека секој учител кој нема да се врати на работа во среда се соочува со апсење и отказ од работа.