1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грчките левичарски партии печалат на кризата

Кризата ја менува и политичката карта на Грција: според анкетите трите најголеми левичарски партии на новите избори би можеле да освојат мнозинство гласови. Проблемот е што се длабоко раскарани меѓу себе.

Штом ќе бидат утврдени вториот спасувачки пакет и планот за исплата на парите, грчкиот премиер Лукас Пападимос ќе го распушти парламентот и ќе распише нови избори. Изборите најверојатно ќе се одржат на крајот на април или на почетокот на мај. Но, трите левичарски партии, кои ќе тргнат во лов на гласови, и не може да бидат поразлични. Демократската левица пледира Грција да остане во еврозоната, Комунистите проповедаат излез на земјата од „ЕУ на монополи“. Останува уште Сојузот на радикални левичари, помалку радикални од она што може да се претпостави според името, кој се смета за партија блиска до германската Партија на Левицата.

Griechenland Krise Finanzkrise Kommunistische Partei Protest Demonstration Athen

Протест на грчката Комунистичка партија

Левичарските партии во Грција имаат заеднички идеолошки именител, но и покрај тоа остануваат раскарани по многу точки. По едно прашање сепак се единствени: владата би морала да го одбие спасувачкиот пакет и со него поврзаните кратења на платите и пензиите и одново да преговара. Граѓанските политичари меѓутоа им префрлуваат на левичарите дека не нудат алтернатива за спасувачкиот пакет.

И покрај кризата, Грција купува оружје

Димитрис Пападимолис, кој ја претставува партијата Сојуз на радикалните левичари во парламентот во Атина, одлучно негира:

„Алтернативи има доволно. Еден пример: во рок од две години пензиите се кратат по четврти пат, за да се заштедат 325 милиони евра. Притоа владата би можела да заштеди трипати повеќе пари од ова, ако се откажеше од неодамнешното купување на две германски подморници за грчката морнарица“, се жали Пападимолис.

Неодговорно е грчката влада и натаму да е најдобриот муштерија на европската индустрија за оружје, додека граѓаните мораат да ја поднесат најстрогата програма за штедење во поновата историја. Освен ова, богатите и даночните грешници треба да бидат повикани да ги полнат касите. Ваквите предлози паѓаат на плодно тло во една земја, која се соочува со сериозна рецесија и која достигна рекордна невработеност од 21 процент.

Долга традиција на левичарските партии

Griechenland Athen Parlament Papandreou Abstimmung Sparpaket Polizei Krise Finanzkrise

Партиите на Левицата може да освојат најмногу пратенички места, но тешко би формирале влада

Левичарските групации во Грција и без тоа имаат силна традиција и минато. Исто и Сојузот на радикални левичари: коалицијата од нужда меѓу левите активисти и политичарите реалисти се потпираше на мала партија, која во 60-те години на минатиот век беше основана од комунисти - одметници, по примерот на италијанските левичари, и кои пледираа за „еврокомунизам“ со базични демократски барања. Ова отцепување сталинистите од Комунистичката партија на Грција до денес не им го простија на поранешните другари.

И покрај сиот раздор, левичарскиот пратеник Димитрис Пападимолис гледа добри шанси за соработка на сите сили на Левицата во Грција.

„Уверен сум дека левичарските партии ќе најдат најмал заеднички именител уште пред изборите, но за тоа секој од нас мора да ги заузда сопствените побарувања“, вели тој. Врвен приоритет на левичарите е заедничка економска програма, која ќе се спротивстави на кратењето на платите и разградувањето на социјалната држава.

Загриженост во странство

Кај меѓународните донатори на Грција расте загриженоста дека повторното зајакнување на Левицата би можело да го спречи спроведувањето на веќе договорените мерки за штедење. Тогаш во опасност е и враќањето на парите од помошта. Сепак, политикологот Лефтерис Кусулис не гледа причина за загриженост. Тој смета дека Левицата е силна, но и многу расцепкана.

Symbolbild Schuldenschnitt Griechenland

Левичарските партии бараат ревизија на договорот со ЕУ за намалување на долговите

„Обединета Левица воопшто нема во Грција, левичарските партии се длабоко расцепкани и во догледно време воопшто нема да бидат во состојба да најдат заеднички именител“, вели Кусулис. Оттука има малку смисла едноставно да се соберат гласовите од поединечните партии и да се тврди дека речиси е сигурна радикална промена на политичкиот пејсаж во Грција, смета политикологот.

Кусулис сепак забележува: иако левичарските партии не би можеле или не би сакале самите да формираат влада, тие сепак успеаја да ги заслабат етаблираните народни партии и да ја стават под знак прашање нивната способност за формирање на влада, во која цврсто се верува. Затоа, вели Левтерис Кусулис, од агол на граѓанските партии би било важно да формираат заеднички фронт против Левицата. Но, да се искова и оваа алијанса во Грција не е толку едноставно, смета политиколгот.

„Како конзервативната Неа Демократија така и социјалдемократскиот Пасок, немаат многу заедничко со граѓанските партии од западноевропски тип“, појаснува Кусулис. Тие повеќе потсетуваат на феудални бастиони на моќ. Тоа што во двете паритии моќта е поврзана со личности денес повеќе ги заслабува, смета политикологот.

Пред се’ избирачите разочарани од социјалистите ќе се свртат кон лево. Пасок, кој на власт беше до ноември 2011-та година, според анкетите во моментов има рекордно ниска поддршка од граѓаните - само 11 проценти. Истовремено, од дргата страна на политичкиот спектар, и на конзервативните им се заканува драматично губење на гласовите, поради отцепување на десничарски и десничарско популистички групации во нови партии.

Автор: Јанис Папдимитриу/ Александра Трајковска

Редактор: Ж. Ацеска